Ви посакувам добредојде на сите.
На оваа платформа сум по првпат и се обидувам да се снајдам околу техничкиот дел на уредување на страната. Инаку како блогер не сум вчерашен. Веќе повеќе години сум присатен на повеќе сајтови.
Овде би сакал да ги презентирам убавините на Македонија. Акцент би ставил на здравствен туризам како и на презентирање на личности и правни субјекти кои јас ги ценам и почитувам.
Ви благодарам ако се одлучивте да ме следите.
Сите негативни критики кон моето блогирање се добредојдени и се заветувам дека нема да ги бришам ако се искажани на пристоен начин без вулгарности.
Ве поздравувам, Херр Момо.
Идејата за здравствен туризам звучи одлично. WordPress како платформа е супер иако од старт можеби делува нејасно и празно.
LikeLike