Професија папарацци

И јас сум нешто по професија, …и истата таа професија си ја сакам. Ги поздравувам луѓето што си ја сакаат работата што ја работат, а ги почитувам луѓето што не си ја сакаат многу својата работа ама свесни дека моментално немаат подобар избор, бираат она што се нуди на пазарот на труд, и тоа изабраното својски добро си го работат.

Според мене сите работи кои чесно носат лебче дома на трпезата се воред. Не верувам дека некој ужива да биде на работно место гробар ама ете луѓето и со таков личен доход плаќаат сметки, школуваат дечиња и слично.

Секоја чесна професија е во ред, секоја, секоја, …секоја освен за мене една…професијата папараццо мислам дека законски е неказнива професија ама за мене тоа е една најподла работа која јас за ниедни пари на светот не би ја работел…за ниедни.

Замислете, зима е, минус температура, едно болно мозоче со подигната крагна на капутот, со наочари за сонце, и со некаква капа на тоа што се вика демек глава имал, со саати чека во автомобилот и чека да се појави некоја славна личност.

…и што? Лелеее голема работа славната личност излегла со скинати хулахопки, лелеее колку голема вест е тоаааа…или пак личноста А била на вечера со личноста Б, а личноста А била во брак со В а личноста Б во брак со Г…кому му е грижа бе папарачиња бедни, кому му е грижа кој со кого…

Никакви сте. Вие сте болни. Ви посакувам  успешно лекување.

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.