Се случи еднаш, на едно место, во едно невреме.

Тој уште кога за првпат ја виде Неа, ја бендиса. Таа беше млада и згодна убавица. Тој јак и претставителен лик. Уште на прва се засакаа. Имаа многу слични ставови за животот. Што му се допаѓаше на едниот му се допаѓаше и на другиот. Она што го мразеше едниот го мразеше и другиот. Беа како кроени  ликови од приказните. Секојпат гушнати како сијамски близнаци. Ги ускладуваа гардеробите како да беа едно битие. Пиеа едно сокче од две цевчиња. Танцуваа сплотени и сите им завидуваа. Да не должам многу, беа вљубен пар, многу вљубен, пар за пример како треба да се почитува љубениот.

Сето тоа врвеше и врвеше. Врвеше се до еден момент кога некои луѓе решија да си играат бам бам, …да си играат бам Мирко, бам Славко. Главниот проблем беше во тоа што нивните презимиња не беа од иста кошница,  беа малку поинакви, малку де, во неколку суфикси.

И дојде големо невреме. Време невреме. Некои луѓе кои денеска ги имаше, веќе утредента ги немаше. Насекаде црвенило. Врнеа солзи. Беше неминовно да се разделат. На вљубениот му се закануваа дека ќе го ликвидираат, на вљубената и се закануваа дека фамилијата јавно во весници ќе се одрекне од неа. Со договор, со многу излеани солзи, се разделија. Тешка разделба.

Годините идеа и идеа. Главните ликови веќе беа поприлично возрасни. Си основаа свои семејства со ликови чии презимиња беа од иста кошничка. Створија свои домови. Околу новогодишните елки оставаа подароци секој на своите дечиња, а децата се немаа видено ниту еднаш. Многу километри, многу одалеченост.

И еве го тоа што сакав да Ви го раскажам. Еден ден…Ете кога коцките сакаат да се сложат , се сложуваат. Се сретнуваaт Тој со своето семејство со свите дечиња, и Таа со своето семејство со нејзините дечиња, … зарем е можно?…еј дали е таа, …да, мора да е таа, малку изменета ама се уште многу убава ,ма да таа е, истата Таа со нејзиното мило лице и со нејзините години. На него одеднаш срцето почна да му игра страстно болеро, нозете почнаа да му се кочат, дланките му се препотуваа, го мачеше само една мисла, дали ќе го препознае.

Таа го допре копчето од нејзината крагна, Тој го допре копчето од својата крагна, …дааааа, се уште ја паметеа нивната шифра…шифра која значеше Те сакам. Сето друго беше небитно, Тој и Таа се разминаа како никогаш и да не се се познавале.

Знаете љубовта не е вода да ја менува својата агрегатна состојба од течна во гасовита…љубовта не испарува тука некаде во атмосферата, …љубовта е можеби како стар сунѓер…стискајте колку што сакате ама таа сепак е тука. Љубовта не можете да ја истиснете. Таа е вечна.

 

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.