Ваше Височество !

   Ви благодарам што не удостоивте да бидете присатни на овие простори, во мојата земја. Неизмерно ме радува затоа што многу сожители а и јас просто Ве обожуваме. За Вас секојпат ќе обезбедиме најубави места и ширни полиња. За Вас и сонцето блика од радост и се весели на Вашите кралски корени.

   Со особена чест и задоволство можам да Ви кажам дека многу луѓе единствено кај Вас  гледаат спас од глад и сиромаштија. Знаете, се повеќе луѓе остануваат без работа  и се согласни со Вашата определба, “Храна за секого”. Be молам не обрнувајте внимание на критиките на дебелогазестите богаташи. Тие го изгубиле чувството на природата и природното. Нив не им е грижа за работничката класа, за рударот, за селанот, …за обесправените.

   Нека Ви е вечно името и Вашата кралска лоза нека е со нас години и години нанапред за да ние обичните луѓе уживаме во Вашите дарови.

Ако се прашував јас,  на Неговото Височество Височество Компирот би му соградил споменик не помал од Кипот на слободата чисто да не подсетува на класните разлики. Некои душебрижници би рекле дека тоа не е оправдано а јас како контра реплика би рекол да ги отворат очите и да се осврнат околу наоколу и да видат колку луѓе претураат по канти за смет со намера да најдат трошка леб.

   Инспирацијата за овој блог ми дојде од една неубава глетка. Призорот воопшто не беше пријатен и несакам пластично да Ви го раскажам за да не Ви го расипам денот.

Ве поздравувам.

 
kompirka
 

2 thoughts on “Ваше Височество !

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.