Чичко Мате, приказна за деца и луѓе со свилено срце.

     Чичко Мате живееше во соседството. Неговата трошна куќичка беше на само две-три куќи од мене подолу. Неговата женичка, уф, несакам ни името да и го споменам беше многу лоша и злобна жена. Непомнам ама веројатно дека беше и грда. Само паметам многу викаше по нас децата. Не бркаше од пред нејзиниот прозорец а ние пак децата како за инает уште позасилено се смеевме и топката посилно ја удиравме од нејзиниот ѕид под прозорецот.

Кога веќе ќе се умореше од викање го праќаше чичко Мате, тој да превземе нешто машки, демек силно да не истепа. Со едно излегување чичко Мате веднаш ќе свикаше по нас да слушне онаа неговата а штом ќе се поодалечеше не собираше на едно купче и ни раскажуваше приказни.

Приказните не беа секојпат интересни ама лицето му беше многу мило а начинот на кој не галеше по косата беше толку пријатен. Чувството да бидеш покрај него беше толку прекрасно. Ние децата се туркавме кој да застане поблиску до него и сите бевме убедени во едно, чичко Мате многу не сакаше нас децата.

Паметам триста будалаштини. Меѓу другото му ги крадевме дудинките (*) од црницата (*), а неговото меко срце ни оставаше скала допрена до дрвото да се поткачиме.

Еден ден, на мене беше редот да се поткачам, …скалата се склизна и падна врз една голема глинена саксија со цвеќе. Не успеав да побегнам, бев преплашен, скаменет, вџашен од глетката, …саксијата беше комплетно парчосана.

     Чичко Мате ме држеше за рака а онаа неговата мафташе со рацете да ме достигне да ме исплеска. Сепак не успеваше да ме дофати. Тука беше оној, чичкото со убаво и тркалезно лице, …е тој, тој не дозволуваше да ме достигнат рацете на неговата змија. Се иступуруваше меѓу мене и неа.

Ме одведе внатре во подрумот од неговата куќа, и ми рече:

– …е сега ќе видиш ти мајчин сине, сега ќе видиш што значи ќотек. ( Змијата задоволна од викањето на чичко Мате си влезе во куќата)

– …чичко Мате, немој, нема да се повтори … пелтечев јас.

и …

    Цааап бомбонче од џебот накај мене, …и кога ми го даваше ми намигна со окото и ми рече, сега викај колку те држи гласот, викај, викај колку можеш погласно инаку стварно ќе те натепам, …и пак ми намигна, …и ми се насмевна.

Викав, цркав, се дерев …

Јас ете пораснав ама ликот на добриот чичко Мате до ден денес не го заборавив.

 

2 thoughts on “Чичко Мате, приказна за деца и луѓе со свилено срце.

  1. …можеби знаеме многу за сонцето, … и галаксијата, … за атомите, …и протоните, …и бомбоните. Ама многу малку знаеме за детската психологија. Тоа е една област која допрва треба да се проучува.

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.