1000 причини зошто да ги сакате коњите!

…и да не јадете коњско месо. Овој блог доаѓа како контра блогот 1000 разлога зашто да једете коњско месо”.

Првата причина е таа зашто ке се законтрирате и завојувате со мене.

Читам, читам, со очи гледам и не можам на свои очи да поверувам. Коњското месо било афродизијак. Во себе си мислам абе луѓе ако еректилниот апарат не ви работи не ви помага ни коњско месо ни црнечки сливи, ај директно кај уролог, сексолози незнам да има кај нас.

Коњот е најдобриот човеков пријател и не е благословен за прехрана на човекот. Тој е за работа, да му помага и да се грижи за материјалната благосостојба на човекот. Јас и да сум во смртна опасност од глад, и да имам вперен пиштол во слепоочница не верувам дека би пробал да јадам. Неее, од жал ми се гади, ми се повраќа.

Коњот е толку паметно животно и не копулира, т.е. не се пари во инцестни врски, (брат сестра , мајка син, татко ќерка). Коњот не е глупав како еден многу мал број на луѓе, луѓе на кои ништо не им е свето.

Замислете, коњот не може да мисли ама има своја интуиција, тој точно знае кој колку го сака и знае и чувствува болка ако сопственикот, неговиот господар е болен или умрен. Е сега како му е, како се чувствува еден коњ, кој целиот свој живот му служи на човека, носи товар, влече преполни кола, ора по нивите, трча по угорнина, скока препреки итн, итн, …и ако случајно повреди нога, коњот за жал завршува како месна преработка, колбас или плескавица…

И што се случува, Пламенко, Сивчо, Дорчо, Ветерко, Неволја, … повеќето од нив завршуваат во дигестивниот тракт на човекот.

Кај ни е хуманоста, повреден или стар коњ да го колеме?

Зарем толку многу чини да се направат гробишата на коњи земајки пример од веќе постоечки гробишта во Царско Село во близина на Сан Петерсбург. И така коњот би добил една камена плоча со негово име, а ние би добиле поцивилизирана земја за живеење.

 

 

One thought on “1000 причини зошто да ги сакате коњите!

  1. Зарем заборавивме дека нашите баби и прабаби кога одеа да ги родат нашите мајки и татковци не одеа со мерџо, одеа со коњски кола.

    Like

Leave a Reply to herrmomonews Cancel reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.