Треба да се почитуваат. Или ќе се враќаме да бидеме каубои.
Одам по улица. Од спротивната страна иде една душичка мила, целиот да го измериш комплет со се кревет, нема повеќе од 50 килограми, а влече за ортома едно расно куче, од тие големи како магариња.
Влече тој куче а кучето него не го влече, го вози како брзи воз…Кај може лице со бледо испиено лице физички да совлада толкава кучешка енергија. Расата исто така дискутабилна од тие забранетите.
Кој како го види од минувачите, бегај што побргу на друга страна.
Е сега, кај се законите за кучиња за задолжителна корпа за уста?
Колку се гнасам кога гледам борби на кучиња, …животните ќе се борат за да некој си го наполни џебот…истото важи и за петли, … и воопшто животните не треба да се измачуваат.
Мислам дека дојде време да се бара писмена психофизичка подобност за чување и одгледување на расни кучиња.