Луѓе ли сме?

 

Гледам емисија на ТВ. Емисија за еден имател на ресторан како вечера со својата изабраница.

Ресторанот се состои од само една маса, маса на која се послужуваат само сопственикот на ресторанот и лицата кои тој ке ги покани како негови гости. Значи ресторан од затворен тип со само една маса. А послуга, преку триесет лица.

Вечерата овој пат беше риба. Типчето со прcт покажа во стаклен базен кој го дотркалаа на количка пред неговата маса и си одбра една риба. Веднаш со мрежичка му ја уловија. Базентот го вратија назад и донесоа пак на количка друг сад со зејтин, на плин, каде што му ја приготвуваа рибата.

Е до овде со се можев да се сложам, човекот си има парички, му се сака да се расфрла и да си го прави ќеифот, па нека си го прави, му се може.

Ееее ама како му ја приготвија рибата?

Готвачот, со мокра крпа ја завитка главата на риба и ја преплива рибата со рака низ врелото масло. Ја извади рибата надвор, можеби половина минут, и пак го повтори движењето, …пливај, пливај рипкице…пак низ врелото масло…и да не должам, ме разбирате, целта е да се испржи рибата ама да не умре, да остане жива. И така жива, а комплетно испржена се послужува на чинија.

Која бизарност, отмени луѓе кинат парче по парче месо од грбот на рибата и се насладуваат, а рибата толку силно зева со устата, се бори инстиктивно за живот, чиниш јаболко ке голтне колку силно ги шири устата.

Ејј, да се јаде жива риба, до кај стигнавме луѓе мои?

Дали човекот се храни за да живее или живее да ги задоволи своите садистички нагони по храна.

Ај кратко, за јадење број два, жива сјагнеста овца, и се распорува стомакот додека е жива, се вади нероденото јагне надвор да се пече, т.е. плацентата јагне, а овцата се фрла како нус производ. Фујјј.

Ако сакате со свои очи да видите нешто слично, кликнете на јутјубче “ Yin Yang Fish” или “ Dead and alive fish”.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.