Стар кумановски дијалект.

Стариот кумановски дијалект е се помалку застапен во денешниот секојдневен говор. Се употребува можеби еден процент и тоа кога се сака да се добие на  хумор и да се нагласи гордоста  на ораторот што е според корените стар Кумановец.

 

Станика, Велика и Марика си правив муабет на чешму.

Станика: Ооо куде си мори домаќицо, наспа ли се, ск ли се доваѓа по воду.

Велика: Бреееј насмеало се грнче на ваганче, кој ќе ми се пошегне, поглеј се мори караконџуло каква ти е коса нечешљана, поглеј стомне и бардачиња немиени, лејка рѓу ти фатила, ќе се изведев црви у њума.

Станика: А мори тракатаљке ни една што си извргољила тија белци, па си зинала у моји стомне, твои до њекња какви бесва, глото ни една, неперотино, ај не ми фрљај много чифте знаемо се ми одамна кој какви смо си, ем шуто ем се боде бреее, да му пукне шардељ на човека од муку.

Велика: … оф оф чистотница, само ми се ти кочопери како пискуљ, ама ако ме наљутиш све ќе ву кажу на Марику како се снебиваш сас мужа ву до касно по сокаци, па ќе надуваш нос после до плафон, ајдукуља ќе ву краде човека на жену, нека те багатело ни една, нека те.

Марика: Штооо, истин ли е мори Станике, истин ли е мори жено црна, ти ли си жељувна по моега мужа, ти ли сс моега домаќина да се вуцараш ааа, знаеш ли мори ако те дофату има све косу  да ти гу искубу и пифтимаљ да те направу.

Станика: … доста бе, доста више, еее какви смо три другачке, една на другу очи ќе си исповадимо, него ај куде мене ја да даду по едно кафе, да ви кажују за едну што направила.

Велика: За коју бе, за коју, кажуј, ја се шалеше  Станике, ти знаеш колко се ја и ти поштујемо још од деца.

Марика: Ако е некоја нова да идемо.

.

.

.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.