Ај да си играме мижитатара.

Ај да си играме мижитатара.  Некои ќе не лажат, а ние ќе се надеваме. Ќе се надеваме на добивка од игри на среќа, ќе се надеваме дека еднаш среќата и на нас ќе ни се насмевне и громот ќе удри и во коприви, па Бога со камење не сме го гаѓале.

Арно ама ако среќата не ни се насмевнува, што правиме? Ништо, повеќе среќа наредниот пат, …а што правиме ако и наредниот пат повторно немаме среќа, …ееее мили мои утешително или не, секојпат постои нареден пат. Никој не е толку малоумен да го укине наредниот пат”, да си ја исечи родната гранка која му носи златни плодови.

Сеедно дали уплаќате по едно ливче како што велите чисто од забава, или сте страствен хазардерлија, можеби се кладите на трки со кучиња, можеби играте ека ника, или покер, сеедно вие сте некому потребни, потребни сте некому да си го оствари својот сон. Сонот можеби има милион лица и милион илузии ама  сепак некои си го живеат. Го живеат  благодарение на тоа што имаат свои верни следачи кои кога ќе ја земат платата прво мислат како веднаш да фрлат по една рака а после кога ќе си ги изгубат и гаќите е тогаш ќе мислат за лебот и млекото за децата.

Наредно сценарио е покајание, грижа на совеста, разноразни ветувања дека никогаш повторно нема да се повтори,  па помош од семејството од роднините…

Како што постојат месечевите мени, така постојат и коцкарски мени, …му доаѓа таа жолта минута, и вика море ќе идам да си ја пробам среќата сега па мајка Јана нека е, …само една рака и толку, …и после пак ќе си седам мирен. Кругот се повторува, влегуваат нови темни денови, ама не грижете се кога ќе се допре дното, доаѓаат светлите денови…и кругот кружи.

Кругот кружи, караванот си врви, а јас и кучињата ќе си лаеме колку што си сакаме. Па тогаш во што е поентата на блогот? Искажувам мислење, став дека на човештвото во овој момент му е потребно моќно здружение за заштита на правата на луѓе болни од зависност која се вика коцка, читај хазард и нивно лекување. Според мојата визија здружението треба да брои минимум петсто луѓе составено од умни, учени, чесни луѓе, но и од обични добронамерни смртници.

 Јас верувам дека коцката е излечива болест.

 Читањето блогови е еден начин кој доведува до размислување. Човекот кој размислува добива идеи. Некои од нив се и добри. Некои се со трновита реализација ама ако се знае стартот и целта чекорењето е поуспешно. Попатно неминовно е да се бара помош од такво здружение на кое алудирам, здружение на стручни но добронамерни волонтери. Било какво размислување таа организација да биде профитабилна е чист пропаст.

Господ напомош на сите па и на луѓе кои имаат проблем со игрите на зависност.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.