За оние кои доброволно одлучија да бидат вљубени.

Дали сте доволно возрасни да се сеќавате на онаа време кога постоеа љубовни писма? Писма во боја со апликации на две заљубени душички во топла прегратка. Обично за женските во нијанси на црвена а за машките во сина боја. Наивно.  Сепак симпатично. Внатре, отисок од рака, можеби нога, скоро како задолжително отисок на кармин од усните и малку парфем шприцнато во пликото.

И секако педантно одбрани зборови, Те сакам, неможам без Тебе, ќе ме излудиш, кога ќе се вратиш, ми недостасуваш…

Текстовите на заљубените имаат посебен шмек. Толку се чувствува опијатот на љубовта и покрај свесноста дека љубовта е само  многу посакувана имагинација на нашиот ум.

Еве едно сосема обично љубовно писмо. Нема потреба од ПТТ достава, примателот сам ќе си го прими.

 

Еј Ти, босонога убавице.

 

На чие ли срце сега танцуваш оро самовилско,

Небаре е плоча камена со букви испишана,

Или каллив друм.

   Кому му ткаеш нечуени лаги со сребрени перли,

Фино руво за плеќите машки,

За денот тежок непробоен штит.

      Кого го гоштеваш со своите мечти,

    И му го матиш умот во блудните ноќи,

 Ноќи со воздишки жешки.

        На чии усни отровни стрели фрлаш,

      И мамиш дека се љубовен нектар Твој,

 Знаеш ли убавице мила дека младоста е само сон.

Застани.

Разбуди се.

Филмот ќе стивне.

Ќе останеш сама крај прозорот Tвој,

Ќе залеваш цвеќе кое нема да цути,

Ќе слушаш птици со жалосен пој.

Пресрами се.

Побарај ме,

Побарај прошка од саканиот Твој.

***

    Добро Ти утро Ти босонога убавице,

Кај и да си.

Со кого и да си.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

7 thoughts on “За оние кои доброволно одлучија да бидат вљубени.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.