Зошто си ја сакам Германија?

 

Уф, има многу причини.  Тешко е јасно и концизно да се одговори на ова прашање. Сепак да пробам. Ја сакам поради културата и законите. Идеме со ред.

Ако земете карта на Германија пред Вас и боднете било каде две точки со двата кажипрста, левиот и десниот, да знаете тие две места се одлично инфра структрурно поврзани. Нема такви две точки на нивната карта од каде не можете да отпатувате или да допатувате многу лесно, брзо и безбедно. Сакам да кажам луѓето биле паметни и вложувале во добра комуникација.

Еве еден пример, Берлин. Купувате месечен билет, околу 100 евра, и со него се возите колку сакате и кај сакате, неограничено. Користите и градски автобуски превоз, и подземна и надземна железница се во таа цена. Само пратите електронски табли и се префрлате од еден превоз во друг. Што значи тоа? Тоа значи  ако на известување пишува дека автобусот ке пристигне во 14 минути после десет, да знаете дека ќе пристигне точно во тоа време…многу пати сум тестирал, кога ќе наближи една минута мижам со очите и одбројувам, абе во секунда се точни…збориме за толеранција од пет до десет секунди…на некои автобуси од задната страна пишува, ако нашиот превоз доцни повеќе од пет минути, се извинуваме, земете си такси ние ќе ви го платиме. Ама тоа скоро никогаш не се случува. Можеби кога има собраќајна несреќа па патот е целосно затворен.

За внатрешноста на автобусите и возовите и да не ви говорам, почисто е од аптека, …климатизирано, удобно, пријатно, чиниш се возиш во свемирски брод, многу е убаво.

Ајде скокаме на друг детал, се симнувам од автобус и релаксирано се шетам. Наидувам на парцела земјиште, насадено со цвеќиња, мислам дека беа зумбули, …таа ниту е оградена со ограда, ниту е обезбедена со камери, ниту со кучиња, а нема ни табла имотот го обезбедува таа и таа агенција. Пред мене пар во сериозна возраст и господинот и купи букет на својата драга. Интересно е тоа што е тоа самопослужување, има касичка во вид на кофа, боднато на дрвен столб, има ценовник, бесплатна хартија за завиткување и ножици за сечење. Натаму се ви е јасно, си бирате цвет, сечете со ножици, си завиткувате во хартија, подарувате на својата сакана, …и стоп, не заминувате без да платите, …стоп, тоа таму го нема, …луѓето таму плаќаат…само некој неандерталец од Балкан ќе испогази да направи штета и ќе избега.

 Само да Ви кажам на таквите малку им време останува во Германија. Бргу, бргу летаат надвор.

 Нема место за луѓе што фрлаат огризок од јаболко низ прозорецот од својот автомобил. Веднаш зад таквото возило иде возило со нину нину ротирачко светло и следи казна. Казната е ориентир триста евра, па …

Тоа значи, еве друг пример, во јавниот тоалет услугата е едно евро, а замочување зад тоалетот е триста евра казна, под услов да чистиш со крпа и длабоко да се извинуваш пред обезбедувањето, да тврдиш дека нема да се повтори и слично. Ако се правиш мангуп, по брза постапка биваш депортиран со првиот превоз накај дома.

Сакам да кажам нема место за нецивилизирани луѓе. Па ајде таква земја не ја сакај. Просто сум заљубен во нивните закони. Нема, ха, хууу, абре, убре, викотници и цркотници, се знае времето за попладневен одмор, нема машината за перење да има неисправни лагери, да прави бучава, да смета на соседот во времето за одмор…ќе си најдете чаре ќе си ја поправите машината, нема на никого да пречите.

Германците се многу волни луѓе да Ви помогнат ако сте во невоља или не знаете да се снајдете во нешто. Таму имам впечаток дека 90 проценти течно зборуваат англиски ама нерадо го користат бидејќи не сакат да си го потценуваат сопствениот јазик што сметам дека е и исправно. Ако самите не се цените како ќе очекувате друг да ве цени. Јас ќе Ви откријам една финта ама сигурен сум не сум јас тој кој открил топла вода, тоа и многумина го знаат. На пример прашувам непознат на улица на германски, Entschuldigung, ich verstehe ein bißhen Deutsch…и продолжувам на англиски, i would like to know, …малку владеам со германскиот, би сакал да знам…и верувајте скоро секој ќе Ви помогне. Би сакал да Ви го срушам убедувањето дека се ладни и нељубезни. Можеби се само многу внимателни и претпазливи. На никој на чело не му пишува дали е културен господин или е сериски убиец.

Еве уште една случка. Треба да патувам за Kehl, а јас разбрав за Köln, се изговара мошне слично, тоа е во превод 400 километри во погрешна насока…и додека да исправам да се вратам назад стопирав. Застана Германка и ме возеше 40 километри спротивно од нејзината насока за да ми помогне да ме исправи на прав пат. Не сакаше да ми наплати иако инсистирав. Дали тоа е замисливо во мојата земја? Еве и благодарам на дотичната госпоѓа.

Ај нешто за библиотеките. Не верувам да има град без градска библиотека. Членувањето е бесплатно, само изработка на електронската чип картичка чини евро и половина. Се зачленуваш, земаш картичка и после неограничено користиш книги и списанија од библиотеката, лаптоп и интернет исто така. Кај го има тоа, одсабајле до вечер услуга гратис.

Уште само ова, многу време Ви одземав…За време на нивните верски празници повикуваат странци, ауслендери во своите домови на свечен ручек. Колку бев вчудоневиден кога тоа ми се случи…мислев шега е. Ме повикаа на ручек, ме угостија и семејството беше петчлено добив пет подароци, книга, прибор за лична хигиена, парфем, авто карта на Германија и привезок. Потоа се фотнавме и со авто ме вратија од станот каде што живеев под кирија.

Знаете ли каде го има тоа? Тоа го има само во Германија. И не верувам никаде повеќе.

 Е затоа си ја сакам Германија.

Со ова би сакал да ги охрабрам добронамерните и чесни посетители на Германија, не грижете се во Германија ќе се снајдете, работа има за секого и нема да бидете гладни под еден услов ако не сте дојдени да се занимавате со кражби и ситни питачења и собирање на ПЕТ амбалажа и лименки.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.