Законски ограничувања при превоз на миленикот со автомобил — Pauza.mk

Секој човек кој што има миленик, некогаш имал потреба да го превезе со автомобил за одредена потреба. Не зависно од тоа дали станува збор за прошетка на подалечно место, посета на ветеринар или пријател, превозот со автомобил е неопходен. Но, секој граѓанина на Република Македонија е склон да ги почитува Законите, а еден од нив…

via Законски ограничувања при превоз на миленикот со автомобил — Pauza.mk

Но, секој граѓанина на Република Македонија е склон да ги почитува Законите, а еден од нив е токму и превозот на миленици со автомобил.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патишта постојат одредени правила кои важат и за сопствениците на миленици. Според овој Закон во сообраќајот можат да бидат вклучени онолку патници колку што е означено во сообраќајната дозвола, односно со потврдата за регистрација. Паралелно со тој број не е дозволено да се превезуваат и животни.

Доколку имате потреба да го превезете миленикот, истото можете да го направите исклучиво во посебно изработени заштитни кутии или кафези.

Ако дојде до прекршување на законот, сопственикот ќе треба да плати налог со вредност од 35 евра во денатска противвредност и ќе му се регистрираат 20 негативни поени.

Биди одговорен сопственик и почитувај го Законот поради миленикот, но и поради себе.

извор:скопјеинфо.мк

.

.

.

Законите ги измислиле луѓе и луѓе можат да ги сменат законите. Зошто да не се смени законот, наместо да се инсистира на казни. Зарем е во ред, ако сте понеле едно пекинезерче на ветеринар да платите казна? Друго, ако баш сакате да го почитувате законот и се одлучите да го сместите својот миленик во кафез, тогаш јас поставувам прашања:

Кафезот може ли да биде своерачно изработен? Од каков материјал? Кој одобрува употреба на ваков кафез? Ако се одлучиме да купиме готов кафез, каде може да го набавиме? Ако е од малопродажба, кој гарантира дека производот е квалитетен? Дали и производите од увоз се законски прифатливи? Кој го одобрува тендерот за увоз на вакви артикли?

Еве подзастанав. Кога ќе добијам одговор на овие неколку прашања ќе Ви ги поставам и останатите 180.

Лесно е да се казнува. Пред да се казнува треба на граѓанинот да му се образложи зошто се казнува. Сите овие одговори на овие прашања би требало да му се достапни на секој возач во авто мото и да ги добива како брошура на технички преглед на возила. Ве поздравувам, јас сум еден од оние што многу сакаат да се почитуваат законите.

3 thoughts on “Законски ограничувања при превоз на миленикот со автомобил — Pauza.mk

  1. Greetings from Idaho! I’m bored to tears at work so I decided to browse your site on my iphone during
    lunch break. I love the knowledge you provide here and can’t wait to take a look when I get home.
    I’m amazed at how quick your blog loaded on my cell phone ..
    I’m not even using WIFI, just 3G .. Anyways, excellent site!

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.