Верувам дека веќе сите знаеме за генетски модифицирана храна. Самата идеја да се чепка во генетиката и да се вршат експерименти со вкрстување на различни соединенија под микроскоп е целосно неприродно. Уште повеќе е неприророден крајниот производ.
Но што да се прави, веќе моќните ни пласираат на пазар таква храна. Се што можеме да направиме е да добро ги отвориме очите на етикетите и декларациите на производот, дали постои ознака GMO Free.
Секој одлучува за себе.
Лекарската афела, како и многу здруженија за здрава храна апелираат да не се конзумира ваква храна бидејќи со почеста употреба се изложуваме на многу ризици од разни заболувања. На пример, прекумерната дебелина. Тоа пак од друга страна проузрокува болести на крвните садови, болести на срцето и.т.н.
Примери за ГМО храна има многу. Јас ќе наведам еден.
Сојата е здрава храна ако не е ГМО. Но генетски модифицирана е многу штетна а е застапена во многу други производи, пекарски производи но уште повеќе и во месната индустрија во саламите и колбасите. Ете зошто, ѕидарските салами подригуши се толку евтини. Преполни се со соја.
Сметам дека секој индивидуално треба да се едуцира на оваа тема. На интернет можат да се најдат цели спискови на производи и производители кои се решени да ни го загорчат животот.
Додека почвата не е целосно затруена, да се навремено освестиме, ако веќе не е предоцна. Идните генерации да не ги доведеме во ќорсокак по прашање на безбедно живеење.
Би сакал да се вклучам во секаква активност против ГМО производство и да ги подржам сите поединци и здруженија.