Џентлмен.

Ако првенствено створивте слика на средовечен маж во фрак одело како штурецот – диригент од цртаните, тогаш да Ви кажам дека сте во заблуда. Ќе пробам да Ви презентирам мое видување за дефиницијата Џентлмен.
…….Џентлмен секојпат е пристојно и вкусно облечен но тоа не значи и уштиркан. Сака убава облека ама не по секоја цена. Тој не е моден сноб туку човек кој се грижи за својот изглед, ускладува парчиња и бои што ги носи на себе.
…….Хигиенските навики му се на многу високо ниво, а може да биде неизбричен а ла Мики Рурке но тоа како имиџ а не како стил “ ме мрзеше да се бричам “.
…….Бонтонот го има во мал прст ама не претерува. Ако дамата во негово друштво слабо се снаоѓа со приборот за јадење тој може да јаде и со прсти. Се’, за дамата да се осеќа пријатно.
…….Тој ги сака жените, но не само својата или потенцијалните љубовници и партнерки за секс туку го почитува целиот женски род, … и многу повозрасните госпоѓи, дури и еднодневните девојчиња.
…….Не е пофалидупе со своите “ловечки” подвизи. Не собира “ интересни” прамени бидејќи тоа му е под честа и не се служи со “рекла казала”.
…….Лавот сака лавица, една…и не шиша други овчички.
…….Не ги коментира нејзините години, ниту тежината, не ја оптоварува со тешки прашања, …само сака да ја насмее и развесели.
……. На дамата во ресторан и го бира поубавото место, не ја става да биде свртена со лице во ќош. Преферира тој да плаќа освен ако дамата не изрази посебна желба да плати.

…….Не е насилен и прв тепаџија во градот. Но знае за да ја одбрани честа на саканата и да се степа, па макар го извлекол и подебелиот крај.
…….На закажан состанок доаѓа барем петнаесет минути порано и никогаш не доцни. Дамата секогаш ја испраќа до дома па макар таа живеела и на крај на светот. (освен ако таа сака поинаку)
…….Не е љубоморен. Саканата не ја ограничува со окови. И дава потполна слобода. Ја потикнува да биде силна и еманципирана жена. Само со љубов ја држи покрај себе , никако поинаку.
…….Позитивните особини на саканата ги истакнува и возвеличува додека негативните ги анулира со своето однесување или ги прикрива. Среќен е кога таа е среќна и тажен кога таа е тажна.
Примери има уште многу, …можам да набројувам до сабајле.
Да резимирам, ја почитува жената на еден многу префинет начин и не ја става на исто рамниште со себе. Туку барем за еден степеник повисоко.
Дами, Ве сакаме!

One thought on “Џентлмен.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.