Низ Улицата на Црвените Фењери.

Ден празничен, и таму неработен, недела беше.
Се шетаме со еден мој цимер, инаку во иста фирма работиме и него би сакал за цело време на приказнава да го држам во втор план. Тој е од секундарна важност за ова што Ви раскажувам.
Сепак мора да Ви го претставам. Штом ќе земе плата, веднаш трча во Улицата на Црвените Фењери, и после ми прераскажува каков јунак бил, па како дотичната, ајде да Ве запознаам уште и со неа, од Лусија. (Од почитта спрема земјата одкај што потекнува за цело време ќе користам искривени зборови.) продолжувам, па како таа толку многу била воодушевена од неговите подвизи па го частела уште дваесет минути а не му наплатила нови триесет евра.
Леле колку треба да си малоумен да смислиш ваква приказна а па уште помалоумен треба да си да го слушаш сето ова. А јас добричина и ферчина ајде демек кобајаги го слушам, и одвреме навреме ќе климнам со глава аха, аха.
Доаѓа еден ден и ми вика: Цимер, нема да ми веруваш ама и на денешен ден, на овој голем празник Лусинката работи.
– Не зафркавај, зарем е можно, …па и во Лусија денес е празник.
– Даа, јас бев, ако не ми веруваш ајде ќе прошетаме а ако сакаш и ќе се кладиме.
Не ми паѓаше на памет да се кладам, ниту да се убедувам. Јас знаев кога лаже. Го погледнувам во усните, ако ги помера усните значи лаже…да не зине, да не излаже.
Сплет од околности беше таков да ни се најавија некои пријатели да ни дојдат во посета, па заминавме со цимерот мој во маркет да докупиме некои потребштини.
Најкраток пат за поминување до маркетот а и на многу инсистирање од јунакот, поминавме низ Улицата на Црвените Фењери.
Леле, стварно Лусинката беше на смена. Бев вчудоневиден. Веднаш ми летнаа милион мисли. Курвинска работа, да се нема почит спрема таков голем празник. Зарем морала, зарем не можела да се смени и слично.
Потоа, па размислувам, кој сум јас да судам. Дали сум јас во нејзина кожа и дали знам со какви проблеми се носи таа со фамилијата во Лусија. Што ако има болно дете за кои се потребни инекции, за еден ден, една инекција сто евра само за да детето преживее до утредента. (За ова, за лечење од ретки болести ќе пишувам посебен блог бидејќи знам еден сличен пример каде детето го хранат со специјална храна која чини околу 50 евра дневно.)
И така милион чувства во глава. Едни прекорувачки, други сожалувачки.
Секој кој читал исповеди на проститутки знае дека тоа се луѓе со грозно минато, со тешко детство, без семејна љубов, тепани, принудувани, неретко и силувани…и.т.н.
Додека пазаревме во маркетот, една глетка ми се вртеше во главата. Глетка кога не виде Лусинката како го обори погледот. Се засрами од мене. Посакав да и купам едно полче вотка и една чоколада полесно да ја заврши смената ама се предомислив бидејќи сметав дека ќе и биде уште потешко. Уште позасрамена ќе биде. На враќање кружевме пет улици околу наоколу само да не поминеме таму и повторно да не се сретнеме.
Колку понижувачки работи. Соба до соба начичкани една до друга. Соби со големи прозори. Внатре живи експонати во гаќи и брусхалтери. Шеташ и загледуваш. Како да купуваш круши од пазар. Сакаш поцицлести, погазести, помлади или со темна боја на кожа. Застануваш на прозорецот и се пазариш, може три кила круши за десет денари?
Леле колку девалвирало чувството да бидеш човек.

777

13 thoughts on “Низ Улицата на Црвените Фењери.

  1. А за да биде аргументирана хипотезата, што ќе те кошта да провериш¿?

    Like

  2. pozdrav, herr momo, pokušala sam čitati u engleskom prijevodu, mislim da je google translator neki pijan tip, žao mi je što ne mogu čitati tvoj tekst s punim razumijevanjem, a čini mi se zanimljiv…

    Like

  3. Jedna stvar me zanima, jel to neka realna ulica ili ona simbolicno znam da ima takvih ulica u mnogim gradovima. Prica je dobra narocito akcenat na klijentima, mada ne bih ja tu izmicala krivicu nikom ako je uopste i ima, naravno kada se podvode na silu mlade naivne dovojke zna se da je to kriminal ali prostitucija je kao sto kazu najstariji zanat i tesko je to iskorenti dok god ima ponude i potraznje.

    Like

    1. …ma sasvim realna ulica, ides ulicom i veliki izlozi, velika stakla a unutra kako koja obnazena tela, neka malo neka vise, neka skroz…stanes ispred prozora i se pazaris ko na pijaci…inace sama ulica je oznacena crvenim fenjerima i ima male kako se kaze stubici da se ne moze kolima tuda.

      Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.