Дали сте визионер?

Ги поздравувам сите умни луѓе, визионери во душа. Како би се рекло негатив од визионер? Мислам дека е доволно добро да се каже и обичен човек. Ако кажеме дека постојат обични луѓе тогаш што ги прави визионерите да се необични…па необични се поради нивните визии и погледи на свет и нивните предвидувања што ќе се случи во иднина.
Да ги тргнеме трескаторите на глупости на страна…тие не се сега тема. Таквите ги има много…”ќе се случи смак на свет, купете си кроасани да имате доволно”. Јас досега преживеав три или четири смакови, се прашувам смакови дали е добра множина од смак, …ајде небитно.
Им се дивам на луѓе кои знаат кога цената на нафта ќе се зголеми, …кога и каде е поволно да се купи парцела земјиште, …во која област да се инвестира…кое дете е млад талент, …која утакмица ќе биде наместена, …кој ќе победи на евровизија…ајде нема да спомнам, ќе бегам од политика, нема да Ве прашам како ја замислувате иднината на Европа, уфф немој да ми одговорите, не, не немојте.
Лесно е кога веќе нешто ќе се случи да кажете, еее ова јас одамна го знаев, …после битка сите генерали.
Повелете во коментари, предадете некоја своја визија за нешто…за било што. Ветувам нема да бришам ништо освен вулгарности.
Еве јас ќе се правам малку паметен ама Вие бидете другари и немој да ми се смеете, времето нека покаже дали во нешто сум бил во право.
1. Годините на полнолетност во Европа ќе се зголемат на 21 година за женски лица и 24 за машки.
2. За три до четири години пластичната амбалажа за вода ќе се забрани за употреба.
3. Мобилните ќе добијат и своја минијатурна бочица за омилен парфем…пример 5 мл и ќе стиснете на екран и мобилниот ќе Ве намириса. Интересно ќе биде тоа што парфемите ќе се купуваат како сим картички а не како бочици.
4. Рачните алати, срп, крамп, лопата и слично ќе заминат во музеј, бидејќи ќе нема таква работноспособна популација за работа. Се повеќе луѓе се со деформитети во кичмата…Што мислите зошто е намалена тежината на вреќа цемент од 50 на 25?
5. Куклита на надувавање за специјална намена ќе се продаваат и во драгстори, …дајте ми еден црн леб и една црна кукла тројно XL.
6. За десет години не ќе постојат зоолошки градини и циркуси со животни.
7. Ќе биде измислена минијатурна веш машина која ќе собира само еден пар танга гаќички, хаха се шегувам и Ве поздравувам.

7 thoughts on “Дали сте визионер?

  1. Овој блог ќе има сè поголем број читатели заради подлабоката визија кон животот и кроткоста на уметничката душа која го пишува. Честитам!

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.