Госпоѓата со црно пежовче.

Госпоѓата со црно пежовче јуреше по автопатот. Возеше со многу неприлагодена брзина и нервозно грицкаше од ѓеврекот. Згора на сето тоа и штрачкаше на мобилниот и со рака го чистеше елегантниот фустан од сусамот што и паѓаше од ѓеврекот.
Тоа не ја спречуваше ногата со црна елегантна лакирана чевличка со висока потпетица силно да ја стиска педалата за гас.
Набргу стигна на одредницата и на самиот влез од зградата, на обезбедувањето му се обрати со сигурен тон, “…oд невладина “и му се насмевна во лице, како на некој што му се смеете што тој се смее а не го разбрал вицот.
Горилото во униформа само се потргна на страна и со рака и го покажа ходникот кој впрочем и од авион се видеше.
Со сто грама црно кафе разбра во која соба лежи Н Н. А потоа лесно ја најде собата број 112. Во креветот лежеше стара жена болна од атрофија на мускули и од шише со цуцла пиеше млеко.
Госпоѓата со црно пежовче со насмевка на лицето и посака добарден на болната жена и веднаш го отвори прозорецот и ја изнесе лопатката да ја испразни.
– Чедо зошто си сама, зарем не доаѓате по дветри како секојпат, како сама ќе ме искапеш?
– …ааа мајче денеска не е денот за капење, и колешките грипосале и морав сама да дојдам…само ќе си поприкажеме малку ако си расположена…многу сакам да слушнам за Твоите резултати во пливање додека си била млада.
На старата жена и се озари лицето и веднаш почна да си ломоти по системот, бабата си бае тоа што си знае…и прикажуваше, …и прикажуваше…дури и покажа и слики исечоци од весници за нејзиното рекордно време во пливање.
– …а мајче ќе ми кажеш ли нешто за мажот ти? …или тоа нека остане тајна?
– … чедо мое зошто да биде тајна, еве го на слика, …и и потури црнобела фотографија целата истуткана и свиена…тој беше гитарист ама многу млад почина во сообраќајка и останав сама.
– …па добро мамо, ќе ми кажеш ли зошто Ти мене никојпат не ме сакаше, зошто се откажа од мене?
Старицата силно ги отвори очите и одеднаш настана еден молк, една гробна тишина.
– Те сакав, ама …
Госпоѓата со црно пежовче, со паломичка и ја притисна устата како да сакаше да и го избрише млекото од цуцла, ја поткрена малку, и и ја поднамести перницата, го затвори прозорецот и без довидување се сврте, излезе и сосема тивко зад себе ја затвори вратата.
Потоа без брзање си го возеше своето пежовче и на раат си го дојаде ѓевречето.

6 thoughts on “Госпоѓата со црно пежовче.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.