Димче и Ванче.

Димче и Ванче беа неразделни другари. На иста возраст беа, од исто маало, во исто одделение учеа, е едино што и во иста клупа не седеа.
Кога играа џамлии си го даваа, кога играа кривамагарица се пазеа еден друг, најдобрите голови паѓаа кога тие си ја додаваа топката еден на друг.
Се запишаа во исто средно училиште, почнаа да билдаат со исти конзерви од салата наполнети со бетон во исто време, почнаа да си ги бричат првите влакненца во приближно исто време.
Гуштерчиња беа во иста октомвриска класа, и одслужиа во исто време.
И се беше добро, …и се беше добро…ма не беше добро, беше повеќе од совршено, …едно спиење ги делеше.
…ееееееееее, …е, е, е, …е сега тука во приказната влегува Евааа, Ева НеАдамова.
Е таа, таа беше малку неодлучна дали повеќе и се допаѓа Димче или Ванче.
И веќе слутите, Димче му ги врати грамофонските плочи на Ванче, Ванче му го врати дигитронот касио што на подарок го беше добил Димче од вујко му, итн…итн.
Ај што не зборуваа, не зборуваа, се сочекуваа кај паркот, море тепање, море локви крв и шиења конци во итна.
Ева, мува не ја лазеше, гајле си немаше. Подоцна не се омажи ни за Димче, ниту за Ванче. Се омажи за некој си трет. А Димче и Ванче скоро и да остареа ама се уште не зборат и се рогачат еден на друг кога ќе се видат.
.
.
.
P.S. Ви препорачувам една книга: Планета жена, Д-р Јово Тошевски. Одамна сум ја читал ама длабоко ми е врежана во мојата меморија. Не ја вбројувам во моите десет омилени, ама ако ја прочитате сигурен сум дека ќе Ве наведе на размислување. Ако гуглате на латиница, Planeta Ž ( Ž sa kvačicom) ena.

13 thoughts on “Димче и Ванче.

      1. meni, pase sve osim prirucnika. kako rukovati muzem, kako zenom, djetetom… nek je tosevski steko doktorat na zenskom mozgu, sebi ga je steko 🙃
        drzimo se mi beletristike 😊

        Liked by 1 person

      2. …celokupna poenta knjige je da muski rod razmislja drugacije od zenski, sto bi nekome bilo cudno jer mozemo reci ljudi smo zasto ne bi mislili slicno….i u pravu Si, eto nastavljamo s beletristikom, hvala Rezonantice.

        Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.