Srećan Vam svetski bezgaćni dan.

http://blogs.worldbank.org/europeandcentralasia/mk/node/886#comment-992
http://blogs.worldbank.org/europeandcentralasia/mk/node/886
Што се случува ако не ја платите својата сметка? Извлечени поуки од централна и источна Европа

SUBMITTED BY GEORGIA HARLEY ON THU, 08/24/2017
CO-AUTHORS: SVETOZARA PETKOVA





• ADD COMMENT
Also available in: English

Сите ние имаме редовни сметки за плаќање за сеприсутните услуги кои ги трошиме – било да се работи за комунални услуги (вода, затоплување, електрична енергија итн.), кредитни картички, членства или отплати за автомобили. Но, не сите ги плаќаат своите сметки.

Во целата економија овие неплатени сметки се претвораат во милиони предмети за извршување од мала вредност, кои честопати се неспорни. На економијата ѝ е потребен систем кој брзо, евтино и првично може да се справи со ваквиот долг. Доколку системот за наплата на долгови потфрли тоа доведува до низа системски проблеми кои постепено ги задушуваат како судовите така и целата економија.

Во неколку земји каде што работиме во Европа – главно во средна, јужна и источна Европа – судовите се заглавени со огромен број на заостанати предмети од ваков вид. Сепак, некои од нивните соседи успеале да го решат проблемот.

Зошто луѓето не плаќаат? Зошто некои земји се подобри во оваа работа од другите? И што може да се направи за да се подобрат системите за наплата на долговите?

За да се изнајдат тајните на нивниот успех и да се нагласат извлечените поуки за другите, Светска банка тукушто објави нов извештај, Во прилог на ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од источна и од централна Европа.

Зошто луѓето не плаќаат (и зошто е тоа важно)?

Некои велат дека проблемот на неплатените сметки е чисто симптом на сиромаштијата – луѓето едноставно не можат да си дозволат да платат. Други пак се поскептични и укажуваат на сеприсутното користење на мобилни телефони во регионот, вклучувајќи ги тука и сиромашните. Тие велат дека проблемот на неплатени сметки, особено сметките за комунални услуги, се однесува на конкретната култура и контекст – во поранешните социјалистички земји во Европа комуналните услуги беа субвенционирани или целосно обезбедени од страна на државата и граѓаните едноставно не стекнале ’навика‘ да плаќаат. Некои други пак тврдат дека ограничувањата на можностите на давателот на комуналната услуга да ја прекине услугата поттикнува неплаќање.

Проблемот со неплаќањето на сметките за комунални услуги најчесто се надополнува самиот себеси. Доколку процесот за наплата на долгови не се спроведува добро, граѓаните секогаш го дознаваат ова и помалку е веројатно дека ќе плаќаат. Оттука произлегува ефект на снежна топка: компаниите трпат загуби, судовите се заглавуваат, а судиите и вработените го губат своето време на мали, честопати залудни предмети, додека пак значајните предмети остануваат во редот на чекање. На крајот, страда правосудниот систем, како и целата економија.

Кои земји добро работат?

Некои земји направиле систем на ’подвижна лента‘ за постапување по овие предмети делотворно, ефикасно и правично.

Еден пример е Естонија. Сите неспорни предмети во Естонија се решаваат во еден единствен судски оддел, Центарот за платни налози сместен во обласниот суд Парну. Таму работат само 4 судски помошници и 29 други судски службеници кои постапуваат по барања за извршување на неспорни побарувања во рок од само 10 дена и по цена од 45 ЕУР по побарување. Доверителите можат да поднесуваат барања за парични побарувања со вредност до 6.400 ЕУР и постапката е целосно електронска. Центарот разгледува околу 40.000 барања годишно.

На сличен начин, електронскиот суд во Полска, оддел на регионалниот суд Лублин – Вест, има надлежност над целата територија на Полска. Таму работат само 8 судии и 119 судски службеници кои се дипломирани правници. Во 2015 година, електронскиот суд издаде околу 2 милиони налози за извршување. Доверителите во Полска можат да поднесат барања аз издавање на платни налози без оглед на износот на побарувањето. Судската такса е само 1,25% од вредноста на побарувањето. Процесот исто така се спроведува целосно електронски и трае околу 10 дена.

Постигнување на рамнотежа

Успешните земји постигнуваат рамнотежа помеѓу економичноста и почитувањето на правата на граѓаните. Тие користат ефикасни (честопати централизирани) процеси кои ја користат моќта на ИКТ. Имаат воспоставено постапки по кои должниците можат да ги оспорат побарувањата, а по приговорите се постапува поединечно, брзо и со почитување на правата на граѓаните. Овие земји имаат здраворазумски правила за законските ограничувања, како и поттици за спојување на слични предмети – со што се спречува акумулирање на заостаток.

Со оглед на тоа дека решенијата, дури и оние од соседните земји, не можат прост о да се препишат и спроведат во други земји, овој извештај исто така го анализира управувањето со реформите, политичката економијата, како и можностите за зголемување на свеста и управување со промените.

Во извештајот, Во прилог на ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од источна и од централна Европа, даден е краток опис на низа можности, како и одредени препораки за творците на политиките заинтересирани за ваков вид на прагматична и практична реформа.

Извешајот е објавен на српски и бугарски, хрватски, македонски и албански јази
• Tags:
• Private Sector Development
• Law and Regulation
• Europe and Central Asia
• Croatia
• Romania
• Latvia
• Lithuania
• Hungary
• Czech Republic
• Slovak Republic
• Slovenia
• Macedonia, former Yugoslav Republic of
• Bulgaria
• Estonia
• Serbia
• Poland
• Montenegro
Add new comment
Your name

!!!!!!!!!!!…од тука натаму е мое обраќање…

E-mail
За да некого нешто казните најпрвин треба да имате правна основа. Правната основа исто како и стапот има два краја. Пред да го казните, треба странката да има право да се жали…да се жали ама на некого што може да му помогне а не само формално и психолошки да му олесни на душата. За таква институција во Македонија јас незнам…знам дека постојат некои формални институции колку да се фалиме дека ги имаме.
Лесно е да се исклучи струја на некого ама кај да се пожалиме за неквалитетна услуга, …за низок напон…замислете правите свадба и музика стоп, чекајте да дојде струја…или замислете угостителски објект со неизладено пиво, драго и мило гостинче извинете ама немаме струја…или Ти златару Тебе Те ограбиле преку ноќта, извини што не Ти испорачавме струја за алармен систем…
Исто за вода, често ја снемува…кога доаѓа водомерите вртат од воздухот што го ствара притисокот и така имаме едно нереално отчитување на реално потрошена вода, …плус несоодветно претерано хлорирана…и затоа ќе си переме длабоко во ноќта бидејќи немаме притисок на вода за пералните.
И икс други примери, …комунална хигиена работи со неисправни камиони уште од Хитлер заостанати кои врвејки по улица разнесуваат отпадни течности.
Ние мора да ги плаќаме сметките. Јас сум еден граѓанин за пример кој многу уредно ги плаќа своите сметки ама поентата на целиот текст е дека не треба само казнување, треба да има институција која реално ќе ги притисне сите овие компании да го зголемат нивото на одговорност кон потрошувачите на нивни услуги како и да воведе повеќе наплатни пунктови за да луѓето достоинствено си ги плаќаат своите обврски.

Herr Momo

Danas odbeležavamo Prvi svetski bezgaćni dan, Dan bez gaća. Nemoj da guglate to sam ja revolucioner, to ja tako odlučio.
Kako se čestita? Prijatelju ( Prijateljice) Srećan Ti bezgaćni dan, izvoli na kafu kod mene. Taj drugi odgovara, Hvala također i Tebi, evo samo da skinem gaće i dolazim.
Zašto nam je manjkao ovaj praznik?
Da bi pokazali koliko smo srećni što imamo ovakvu svetsku makroekonomsku politiku. Zato priključimo se i mi kroz našu mikrodomaćinsku ekonomiju: Ne nosimo gaće, manje peremo, …manje voda, manje vrećice praška, ne peglamo gaće…eee što smo se mi navikli da se luksuziramo, peglamo gaće uzduž i popreko, pa okreni ih na drugu stranu, pa opet peglamo uzduž i popreko, pa mala zadrška, akcent na ta, …znate na ona mesta.
Trideset dana, to su trideset pari gaća plus uveče kad idemo u bolji život ne nosimo iste te od jutos, …to su znači preko pedeset.
Pedeset…

View original post 69 more words

2 thoughts on “Srećan Vam svetski bezgaćni dan.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.