Сѐ е креација.

Постојат многу, речиси безброј видови на креации.
Прво, креации што самата природа ги створила.
Некоја река која со години тече низ своето корито прекрасно го извајала каменот и го направила да биде за нас во воодушевувачка форма. Или обликот на некоја круша. ( Некои можеби го паметат Кривото Крушче Паланечко). Така извиткано извитоперено просто да му се чудиш и со поглед да го студираш како е можно како такво да порасне.
Второ, креација на платно, …во глина, …копаничарство, …креација со музички ноти, …поезија и проза итн, итн.
Трето, креација во движење, танци, балет, борилечки вештини, жонглерство…знаете ли колку труд е потребно една балерина да вложи за една претстава од час можеби два…
Четврто, креација во ракотворби, боцкај боцкај гоблени, вилерови или поинакви, хеклај боди со тие игли натака навака…не е лесно, не, не.
Креациите се супер, нарочно ако имаме добро зајре.
Но многу е тешко, дали ќе се сложите со мене, да насликате масло на платно на пр: тема, Огин во камин, ако немате црвена и жолта боја… Вистинските уметници ќе успеат и со темни колорити да прикажат пријатни пламени јазици, ама ретки се таквите, …реткост, како иконата Мајка Богородица насликана во црна боја.
Сосема слично е и со животот.
Добра семејна подршка, семејно наследство, семејна титула и слично е добра поткрепа за добра животна креација.
Но, што ако од никаде ништо…Ако сивото е од последната, педесеттата нијанса на сиво, …ако наследените гени се пошегувале, па сме добиле многу несовршено тело.
Дозволете ми да Ви претставам еден мој сограѓанин. Животен уметник. Човек со БИТНО смалена работна способност. Секојдневно, дали е плус 40 или минус 20, на велосипед 15 км до работно место, …и уште толку да се врати до дома…со велосипед да го земе детето од градинка…сопругата му почина млада, набргу почина и татко му…мајка му уште порано.
Самохран родител, пере, пегла, готви, учи песнички, бои цртанки…човек со срце големо како Петар Велебит.
Вистински уметник.
Секој човек има право на избор. Избира дали ќе оди по патот на светлината па колку и да е трнлив тој пат, преполн со препреки како атлетската патека или стихијно ќе се препушти на ситни земни залажувачки задоволства.
Вербата во позитивното, во природното, во човечното ни дава сила да бидеме лавови во очите на дечињата наши.
Насмевката на едно добро нахрането детско меше е повредна од најскапиот џип на светот.
Сѐ е креација.
Животот е креација.

13 thoughts on “Сѐ е креација.

      1. …принципијелно не раде се такве слике, али та техника није забрањена…има десетак таквих слика у свету…има рецимо у „Ра­ѓа­ње на пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“ во ма­на­сти­рот Ка­ли­шта у Мк…знам да има и у Србији али нисам сигуран мислим да је у католичку цркву у Алексинац…поздрав камарад.

        Liked by 1 person

Leave a Reply to BallesWorld Cancel reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.