…одекна плач во болницата и една затка од шампањско се заби во таванот, …насекаде смеа и гушкање…цицалчето го тегнеше цицето се до третата година…потоа се осоколи, не само дека одеше без дубак туку и потрчкуваше помочкото…а писмените ги пишуваше како од шала, … и никојпат не учеше дома се додека не го заврши средното…и оддрапи во сивомаслинестото, …па се хранеше во студентските мензи се додека не го рече она судбоносно Да…и кога го рече, набргу се слушна плач по ходниците…а највеќе се радуваше на плачот од најмилите на своите најмили…и се така им беше од корист, ги шеташе и ги воспитуваше…им помагаше…а кога веќе не можеше, воедно и болеста сосем го дотроши…веќе сите беа принудени да го предадат во специјализираната геријатриска установа…и се слушна плач…тивок плач…неколку душички плачеа, едно гревче испушти душа…насекаде пепел и прав…неее…пепелта беше од цигарите на сестрите во бело, а правта беше од кондурите на посетителите…тој сеуште не беше се престорил во пепел и прав, тој само што тргна во заборав.
.
.
.
Животот како песочен часовник непрекинато тече, а само миговите на среќа остануваат како навистина нешто вредно во животот.
Лепо би било да је живот као пешчани сат. Окренеш га па наново.
LikeLike
…није лоша идеја, а кад нешто не иде како ваља опет окрени…поздрав друг мој.
LikeLiked by 1 person