Ви велам, вака и вака.

 

Беше Лето Господово некаде после онаа страшна војна. Време на немаштија и требење од вошки. Луѓе со изморени и исплашени лица шетаа по полупразниот пазар. Едни немаа што да продадат, други немаа со што да купат.

Некаде во аголот стоеше една убава мома. Црвена во лицето, во стари алишта ама уредни и чисто исперени. Никаде немаше искинато. Стокмена за на пазар.

Момата продаваше некои дребулии, она што родила нива ама иако беше пазарен ден сеуште немаше ништо продадено.

  • Колку ти се крушите, ја праша едно момче со штипка на ногавиците од панталоните. Чисто да бидете информирани во тоа време штипка носеа и тие што имаа велосипед а и тие што немаа а лажно се претставуваа дека имаат.
  • Толку се.
  • Аха, а јаболката.
  • Толку.
  • А ореите.
  • Бреј, што домаќин беше бе ти, само прашуваш а ништо не купуваш.

…по кратко пелтечење,

  • Заправо јас дојдов да те барам за жена, …и погледот замина наземи.

Молк.

Погледите сепак се сретнаа. Се пронижуваа од лево кон десно, …и обратно, …и директно.

  • А ќе ме чуваш ли за жена дури сум жива.
  • ДАА, весело возвикна новопечениот младоженец, дури и ја прегрна. Според тврдењата на младоженецот, да го крстиме Среќко ја бакнал невестата да ја крстиме Благуна, блага како крушите. 

  Потоа, двајцата на точек, одзади торбите со пазарлакот купен за безпари и двајцата во една соба под наем. Ама собата во град, далеку од нивните родни места.

Мала соба три на три, шпорет смедеревац, железен кревет, една маса, една каленица и две алуминиумски лажици. Кога јадеа двајцата седеа на иста страна од масата, на кревет. Столчињата беа луксуз.

Среќко беше вреден лимар. Чукајки со чеканот успеваше да обезбеди доволно брашно за да неговата Благуна меси зелник со квасено млеко.

Среќко многу се радуваше на убавините што се криеа под тоа шарено фустанче. Па затоа што железниот кревет шкрипеше длабоко во ноќта, Благуна ја касна оса и набргу им се роди првото детенце.

Многу му се радуваа. Платите во меѓувреме се подобрија и на бебето му купуваа се што му требаше. Му купија и количка за бебе скоро како нова, одлично сочувана од некои богаташи во градот. Се шетаа сите тројца низ чаршијата како вистинско среќно семејство. Количката повеќето ја туркаше Среќко додека Благуна  цврсто го држеше под рака.

Се сакаа. И уживаа во животот. Детската насмевка беше најголем подарок за нив.

Го думкаа бебето, го растеа. Во меѓувреме железниот кревет го заменија со нов брачен кревет. Не личеше во новиот работнички синдикален стан купен на доживотно отплаќање, да се влегува со стар железен кревет.

Грипо машината вредно ги переше посраните пелени од второто бебе. И второто бебе се израсна во истата количка. Па таа беше свежо бојадисана а и не помина многу време од првото раѓање. Едно лази друго пази.

Потоа дојдоа убави години. Дечиња умни. Растеа и носеа петки. Со фиат милечинквеченто (1300) се одеше на одмор дури и до Охрид. Среќко задолжително и купуваше подароци за осми март, за роденден, за именден. Се паметат подароци, Елен со рогови за на ѕид, пластичен сад со пластични поморанџи, слика постер природа, бугарско парфемче во тенко шишенце 5 мм со пластична чепкалка внатре. Славеа слава, се дружеа, им доаѓаа гости од секаде. Дури и од Полска.

Среќко никогаш не заборави да ја сака Благуна. Таа беше таа што на прва пристана да се мажи и што бегалка замина со него сосе торбите. Благуна блага како името, си ги гледаше дечинката, се радуваше на мали нешта. Се радуваше кога целото семејство ке беше собрано на неделните ручеци, на еднодневните посети во неделата на старите во селото, на мажот си што не се излага во него и што навистина се трудеше да и овозможи лагоден живот.

 

Во еден зимски ден додека Среќко беше на работа, Благуна беше излезена до продавница. По улицата врвеше камион преполн со дрва. Надолнина. Камионот кочеше ама попусто. Не успеа. Темнина во главата.

 

Благуна беше отпуштена од болницата со пластичен колк. Потоа уште некои работи се закомплицираа, неподмитена операција таква е, плус слаба циркулација додатно ја кутна.

Благуна залежа во постела.

Децата и пишуваа писма: Мамо, ела си ваму, ќе ти пратиме авионска карта. Ќе си ги гледаш внучињата.  

Tаа не сакаше да им пречи на децата. Среќко стана најнесреќниот човек на светот. Воопшто не му беше тешко и да оди на работа и да се грижи за саканата Благуна. Се надеваше на опоравување.

Ја подигаше, ја хранеше, ја капеше и и ја чешлаше косата.

Таа се повеќе однеможуваше. Следеа уште две операции. Не страдал само колкот, …и мозокот.

Несреќко беше најнесреќниот човек на светот. Што уште не проба, со лекарства, со бабини лекови, со тревки и облоги. Ја масираше и буден бдееше во ноќите долги.

Лекувањето не одеше на добро. Среќко беспомошно зуреше во нејзиното лице. Само ја галеше по лицето и плачеше.

Кога сакаше да и ја даде и последната терапија капки со морфиум таа веќе не даваше знаци на живот.

 Цврсто ја прегрна,  и ја бакна во чело. Солзи му капеа врз оладеното лице на неговото Благунче.

 

.

.

.

.

.

Malo drn drn u vezi teksta. Hoću reći neznam kažu bi bio prevod. Zato neću.

Malo ću samo kao kobajagi  da pametujem, kao kobajagi da nešto razumem.

…da love nije u lovi,

… i da život bez ljubavi je kao dan bez svetla,

…i da ljubav bez suza, ne postoji.

ONA teško dolazi, spora je, troma, dolazi izdaleka. Umorna je, umorna  od nas ljudi. Pa i nećka se da dodje. A zašto bi došla? Da je gazimo I pljujemo. Da je negiramo da postoji. Da je poistovecujemo sa dobrim seksom?

Da i kad je dobijemo očekujemo da zazvone neka velika zvona u planini da bi se osvestili da jeste, ejj pa to se nama desilo.

I dok se mi osvestimo, ona opali šamar i ode.

I onda bi mi sve, ma sve, onda bi da je dozivamo pesmama, da se kunemo, da plačemo, i da kao kobajagi pametujemo kroz raznorazne glupe tekstove.

 

Kao što postoje ampermetri, voltmetri, blesimetri trebalo bi da usvojimo I neku jedinicu za intenzitet u ljubavi. Ako ima neko predlog može u komentare.

Ja nemam bolji predlog od RIJ…kilo mega giga tera RIJa

 

Pametniji sam kad ćutim, neću više,baaaj.

 

 

 

19 thoughts on “Ви велам, вака и вака.

    1. Ух бре пријатељу, није ваљда да сам толико смешан да Ти се плаче, хехе хвалаа, поздрав велики за Тебе.

      Like

  1. На овом брдовитом Балкану су расла велика срца. Заливана сузама и знојем. Зато је љубав овде мало горка, мало слатка. Као и живот.

    Liked by 2 people

  2. When you describe your life like this, with so much feeling, a writing comes to you. Suffering, joy are part of life. To know other cultures, I am from Venezuela, through your writing, it is the most refreshing. I thank you for allowing me to be in your privacy.

    Liked by 2 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.