Opraštam, Mladen Hinić, reblogirano, Нека Ви е простено, Херр Момо.

Нека им е простено.

На сите за се.

Па и на мене.

Па и на сите што грешеле кон мене.

Грев ли е? … кога некое пиленце штотуку испилено,со гола кожичка, со дрлки околу очите штотуку прогледано и уште пред да замавне со крилјата вие со два прста да му го држите крилцето и да не му дозволувате, …да се поигрувате со неговото стартување….да го набљудувате како се мачи да полета и штом ќе биде близу да се одкорне од вашите прсти, посилно да стиснете и восебе да ликувате колку сте силни.

Грев е. Нека им е простено на сопнувачите.

Грев ли е? …еднодневно маче оделено од цицето на мајка си,  па уште и во вреќа врзано скоро да се задуши, фрлено во река, или да снема здив, или да се наголта вода ама не колку е жедно, туку да го преполни стомачето занавек.

Грев е. Нека им е простено на бездушните.

Грев ли е? …да јавате едно шугаво магаре, ненахрането со денови, што коски можете да му ги броите, и уште згора на тоа што го јавате со нозете да го клоцате во слабините и да му се дерете: ајде, ајдее, ѓихаа …

Грев е. Нека им е простено на експлоататорите.

Грев ли е едно кутре што го згазило некое авто и што шепа со едната нога и квицка од болки да му шутнате клоца, да не се мотка околу вашите нозе, можеби има болви.

Нека им е простено на невдомувачите.

Грев ли е? Една овчичка затоа што е црна да ја оставите надвор од трлото и да нагостите некој волк, … или орел да ја полета кон небото па да ја разбие од карпа.

Грев е. Нека им е простено на душманите.

Луѓе нелуѓе, бездушни, безлични, дволични, тролични, со лица како бојата на виножитото,  како камелеони, со маски како од театар, со душа како зрно просо, со его како Мургашки рид, непросветлени, што ни Ивица и Марица не ја прочитале, …, … нека ви е простено на сите.

Ние сопнатите пак ќе се одсопнеме, пак ќе врвиме по патот свој, трнлив нетрнлив, кривудав и стрмен нека е, каменот Сизифов ќе си го истуркаме докрај.

Младене, Ти благодарам за Твојот преубав блог кој ме инспирираше да ги напишам овие редови.

Ве поздравува, Херр Момо.

Sva moja slova

Opraštam svima koji su mi zarili nož u leđa.

Opraštam svakom ko je u moje srce sjurio bodež izdaje.

Opraštam i njoj, i njemu i njima… Svima!

Opraštam jer imam snage.

Opraštam jer nisam ostao u blatu. Ustao sam…

Ustao sam da bih oprostio i nastavio da volim.

Ustao sam jer nisam poražen i ponižen, već osnažen i osvešćen. Ustao sam jer u meni neće sijati mrak. Sijaće svetlo. I biće jače nego pre.

Opraštam jer znam da su slabi. Plašili su se. Nisu umeli bolje. Izdaje se najbolje kada se strah uvuče u srce.

Opraštam jer sam jači.

Opraštam jer im treba oprostiti.

Opraštam jer nisam tu da sudim. Tu sam da volim.

Opraštam jer volim.

View original post

7 thoughts on “Opraštam, Mladen Hinić, reblogirano, Нека Ви е простено, Херр Момо.

  1. Šta da kažem? Hvala! Ogromno hvala i što si spomenuo moju malenkost i što si napisao svoj tekst. Sjajan je osećaj biti deo ovog društva. Hvala i Siniši, jer on je definitivno učestvovao u ovome. Svakako, bravo!

    Liked by 4 people

  2. the disillusionment of living in a society like this is understandable. A bit of humanity has been lost and we become more selfish. I do not know if the translator gave me enough. A great reflection. Greetings.

    Liked by 1 person

  3. Билјана, да си жива и здрава. Ваков коментар би му пријало на секој автор. Благодарам што сврати, Добредојдена си овде. Те поздравувам.

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.