Си беше еднаш едно камче. Мало малецно. Топчесто и тркалезно. Семејството му беше песокливо. За жал не беше кристално, ниту пак кварцно. Обично. Најобично.
Се створи однезнамкаде, го донесе незнамкој, живееше донезнамкога.
И што е значајно за тоа каменче?
Ништо.
Кутрото на сите им велеше, Ејј ке се фрлам во бетон.
Никој сериозно не го сфаќаше.
Сепак не се фрли, само земја го покри.