Колку вреди ?

 

Колку вреди еден денар? Еден денар вреди многу. Тој Ве штити од срам. Ако имате 22 денари а еден леб чини 23 за еден денар ќе мора да лажете дека немате ситно или нешто слично сум го заборавил паричникот. Некои Денарот го нарекуваат Еден Вујко, а јас имам некое мое по малку забегано култно размислување и го нарекувам Еден Килиманџаро.

Колку вредат 10 ( десет) денари. Толку Ви се потребни за едно кафе од кафемат а едно такво кафе може да Ве расони и Вие безбедно да си го довезете автомобилот до дома.

100 ( сто денари ) се сума на пари за кои појма немаме каде отишле и каде завршиле. Обично за глупости.

1000 ( илјада денари) е брашно за цел месец за четворочлено семејство или една пица со пријателка ама без аперитив и  после пица винце.

10 000 се за жал за многу целомесечно ринтање.

100 000 се последна некоја сума за која може да се надевате дека таков кредит би вратиле во банка. Се што е преку тоа отиде хипотека.

1 000 000 милионче, пих што се тоа, на швалерката сте и купиле автиченце мало малецно, таа ќе го слупа и како никојпат и да не биле, ( патем швалерка, шваљерка на македонски се вика милосница учете и говорете македонски)

10 000 000 е ова е некоја сума со која може да се надевате да подмитите политичар…а што Ви вреди тоа?

100 000 000 е вакви пари ниту се заработени тука ниту пак ќе лежат во наши банки.

Јас до толку, којзнае понатаму нека смета.

А колку вреди еден бакнеж?

Еден бакнеж враќа во живот, отвара очи кога сте болен, дава смисол на животот, подига од депресија, одлага планирано самоубиство, …море ај не се бесам, ме бакна.

Да ставиме географска карта метар на метар пред себе и со рака како што цртаат децата дланка со прсти и со прстен и часовник е такво место да си исцртаме на картата и тоа место да ни го поклонат за ич пари тоа нема да не направи среќни.

Среќата е во взаемна љубов. Во бакнежот е скриена целата среќа на овој свет.

50

…кома педесет дени, да ги спасиме од заборав.

12 thoughts on “Колку вреди ?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.