Кој се плаши од …

 

Кој се плаши од вирус лош,

Вирус лош. Три за грош.

Ај неколку реда и од мене за новонастанатата ситуација со новиот вирус. Читаме и се информираме од разни медиуми кои веројатно се трудат да не известат правилно како што е објективно и вистинито. Меѓутоа дали е баш тоа така од секој медиум не ми е за верување.

Нарочно “Радио Милева” вели, ќе има толку заразени, па ќе нема леб, ќе испоцрцаме за јадење, ќе нема средства за хигиена, ќе не изедат вошки и муабети триста и дваесет.

Затоа имаме редици и редици пред маркетите и купуваме по три пакети зејтин а некој неможе да земе ни литро. Колку сме ситни во душа. Ние највеќе ќе се уништиме со таа црна психологија. Демагогија на смак на светот, демек и Баба Ванѓа предвидувала овакво нешто.

А луѓе има лековерни, болни и психички нестабилни па ајде сега ќе им втераме страв во коски.

Од друга страна пак имаме еден известен број на население кое се подсмева на вирусот као демек “Мене ли баш ќе ме снајде” и шарлатански се однесуваат кон ограничувањата за движење, кон обврските за маски и слично. Таквите се најопасни, силни во нозете, слаби во мозокот.

Да резимирам со мое мислење. Секој треба да има одредена залиха на храна со цел да не оди во маркет толку често и да не стапува во контакт со многу луѓе. И ако некој донел заповед да нема собирање и групирање на едно место, тоа треба и да се почитува, инаку ќе си ги разменуваме вирусите, еве ти тебе еден обичен вирус дај ми ти на мене од твојот корона.

И луѓе треба да продолжиме со работа и со живот. Сметките нема да дојде никој од страна да ни ги плати. Треба да се навикнеме на новото зло.  Тоа ќе се искорени ама од време на време низ годините што доаѓаат пак ќе ни се појавува.

Бидете ми живи и здрави и чувајте се. И продолжите со работа и со живот. Бакнувајте си ги женичките свои, за тоа сеуште нема забрана, а туѓите,  еее туѓите малку стопирајте. Поз…драаав.

18 thoughts on “Кој се плаши од …

  1. Bravo, Herr Momo! I ja sve isto mislim. I jedna caka: zadnji pasus tvog teksta, prva rečenica: Бидете ми живи и здрави и чувајте се Google Translator je preveo: Be healthy and keep ME safe 🙂 🙂 🙂 Ja mislim da bi ti to trebao prepraviti u originalu 🙂 , translator je u pravu

    Liked by 3 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.