Стојанка.

 

Расказ со кој учествував на еден литературен конкурс кој од некои технички причини не се одржа.

Недела. Четири часот наутро. Стојанка си го миеше лицето и со брзање си ја чешлаше косата. Алармот и беше стокмен за во четири и половина но таа се разбуди порано.  Душата и плачеше за спиење.  Стана да им замеси топло лепче за дечинката. Се прекрсти пред иконата и се помоли за прочка. Одкако и почина стопанот целиот животен товар надвисна над нејзините плеќи. Децата, машкото три и постарото женско пет годинки растеа и сакаа да јадат. Машкото честопати и велеше на мајка си:

Мамо,  како ќе пораснам ако не јадам, гладен сум.

На Стојанка и се темнеше пред очи, срцето и беше свиткано од тага. Црни мисли ја мореа, да се фрли во Вардар и да си ги реши маките. Но кога ќе се сетеше дека децата ќе останат сираци и без татко и без мајка се предомислуваше и уште поревносно работеше.

Друга работа неможеше да најде и чистеше скалила по зградите. Секој ден по два влеза, по пет шест ката, по еднаш со метла и по два пати со сунгер и вода. Па да скине пајажина и згора на се да ги светне стаклата од прозорците.

Тој ден, …оној ден кога беше недела, на Стојанка и се случи нешто несекојдневно. Станарите од третиот кат од жолтата зграда кои беа некаде во странство се вратиле и и исплатија за цела година колку беа одсатни. Стојанка со изненадување ги зеде парите, им се заблагодари и во истиот миг почна да ги распределува парите. Толку за ваму, толку за таму, малку ќе оставам за вечера а останатото ќе раздолжам долгови.

За вечера најдобро да направам бакардан со урда, …или пак, тавче ориз со пилешки крилца, …хм, хм, премногу е обично и секојдневно, па јас секој ден немам волку пари. Ќе направам убава вечера да се помни, ќе купам мелено месо и ќе направам ќофтиња.

…се премислуваше и се премислуваше.

И дотекна дека би било добро и по едно сокче да им купи.

  • Даа, добро се сетив, зарем моите деца не заслужиле по едно густо сокче, в ред ли е вечно да ги залажувам со оние најефтините.

Се одлучи за сок од боровннки, малку да им ја подобри крвната слика.

  • Попат ќе свратам и до слаткарница, барем по едно колаче со овошен крем, па деца се, нека каснат да се засладат малку.
  • Само уште шарени балони ќе им купам нека се насмејани, нека скокаат, нека се радуваат.

Посака кутрата уште многу добрини за нејзините дечиња. Да им плати неколку дневен одмор во некое летувалиште. Да им купи убави алишта. Да им плати часови по страни јазици. Само и навираа идеи и идеи.

Уште два ката имаше да доврши и брзаше колку што е можно побргу. Рацете и беа вкочанети од студ, прстите и беа помодрени од ладната вода но таа не запираше. Брзаше. Јуреше нагоре надолу по скалите.

Така летајќи …

Така летајќи се препна од кофата и се спружи и тресна на подот.

 

…итната медицинска помош имаше уште еден случај за хирургија.

Две дечиња таа ноќ не се смееа, вечераа свинска маст со црвена сол и солзи им се тркала низ обравчињата за нивната мамичка. Ги причува соседката. Од утредента Стојанка со едната нога во гипс куцаше и ги бакнуваше своите деца додека тие спиеа а таа го молеше Бога што поскоро да оздрави да им се врати на скалите.

 

 

 

14 thoughts on “Стојанка.

  1. Стварно волим твоје приче… Пуне су, осећам сваку слику коју речима осликаваш. Браво пријатељу, браво!

    Liked by 5 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.