Возот полека прикочуваше кон станицата. Возбуденост тага и очај кај група на млади луѓе. Сите се спремаа за симнување, ги спремаа своите торби и едни на други си помагаа молчешкум без зборови. Дури и без мимики се разбираа. Двајца го грабнаа третиот и на раце го спуштија низ скалите надвор од возот.
Силен свиреж и татнеж и возот замина. Останаа стадо изгубени луѓе. Изморени, ненаспиени, осамени, преплашени, депримирани. Група млади изгубени во свемирот.
Се избакнаа, се изгушкаа и се разделија.
Нашиот главен јунак, инаку јунак само во оваа приказна се развртуваше околу наоколу да се ориентира за патчето што води кон неговата колипка. Кон неговата куќа, кон неговата сеуште невенчана сопруга.
Многу нови градби, патчето повеќе небеше калосано, сега асфалтирано, се се нешто подизменило, ништо не е како порано.
Како наближуваше срцето се повеќе му тупореше. Ах сливчето пред дворот го исекле, оградата остарела, се подгрбила навнатре, бојата избледела, чиниш страшно е болна.
Ранецот му тежеше а уште повеќе му тежеа спомените како се делеше од дома, од саканата, од родителите. Му навираа слики со голема брзина. Му се плачеше. Истовремено и срцето му се радуваше, ќе ја види саканата. После толку време пак ќе ја види, ќе ја бакне, ќе ја допре. Ќе и се насмевне што повторно ја гледа.
А дали таа нему ќе му се израдува? Ејј а што ако не е сама? Лелее, а што ако е мажена за друг? Не, сепак не е можно, тие многу се сакаа. Ама многу, многу.
Скрцна капијата, навлезе внатре и се осврна лево десно. Немаше никаков мурчо да го апне за ногавиците. Се приближи до влезната врата и шок го дрмна. Си ја виде својата плаката, тажен помен свој, за себе. И сликичка од него.
Фујјј, да му се плукнам на животот, тие ме прежалиле. Јас не постојам, починат сум.
Стоеше ничкосан, што да прави. Да тропне, да повикне, да се врати назад? Да се врати назад, ама кај да се врати и кај кого?
Мора напред. Нема назад.
Ѕирна низ пенџерето. Саканата, веројатно дека е таа, миеше садови.
Троп, троп и здивот му застана, стоеше како балван.
Саканата, како да слушна нешто, како да и се стори. И продолжи со садовите.
Повторно и посилно троп троп.
Саканата се препна, се уплаши, се стаписа, кое амле е во ноќта, некој да и тропа на врата.
Пријде кон вратата, ѕирна низ шпиунката, и преплашено продума.
- Кој е, што барате волку касно, одете си инаку ќе повикам полиција!
- Јас сум, …и нанатаму ништо не прозборе, гласот му се фати, ни збор не можеше да изусти повеќе.
Вратата полека и со тенко чкрипење се подотвори. Убаво женско лице, на смрт преплашено провири преку еден мал агол од вратата.
АААААА, вресна и тргна да ја затвора вратата.
Тој туркаше, таа туркаше. Тој малку насилно влезе и со раце ја задржа веќе онесвестената сакана. Таа се ничкоса на подот и ги преврте белките на очите навнатре.
Утредента, со првото утринско кафе се бакнуваа и го расплеткуваа периодот на разделеност од две години.
Со посебни искри во очите кроеа нови планови. Тој посака да и подари многу внимание за сето изгубено време а таа посака да му ги залечи лузните на душичката. Како две галапчиња со скршени крилја се обидуваа пак да полетаат во нов живот. Во нови победи.
Љубов.
Љубовта е посилна и од северниот и од јужниот пол. Заслепува и расонува истовремено. Дава смисол на бесмисленото, од невозможното прави возможно, на црното му дава малку розова боја а на вљубените им помага да преживеат.
Divno!
LikeLiked by 1 person
Hvala, hvala.
LikeLike
Hvala tebi prijatelju na ovako divnoj priči.
LikeLiked by 1 person