Кралот Ловин

Расказ со кој учествував на награден конкурс од Сковин винарија. Честитки од срце за наградените творби.

         Во едно дамнешно време, таму далеку, постоеше едно кралство со кое вледееше кралот Ловин. Таму убаво се живееше. Луѓето беа задоволни а кралските даноци беа мали и можеше да се заработи. Трпезите беа богати, луѓето убаво облечени а децата стокмени со многу играчки.

И се ова ќе беше многу розово да не беше една голема мака што го мачеше Кралот. Многу ноќи беа непреспиени во изнаоѓање на решение. Но го немаше на повидок. Кралот не знаеше зошто  во неговото кралство веќе трета година нема никаква свадбена веселба. Никој не се женеше, ниедна не се мажеше.

И кралицата беше загрижена за нејзината ќерка и стално го тераше Кралот да тргне низ кралството да бара некое мудро решение.

Кралот виде, невиде ја свитка опашката и беше приморан да ја својата жена.

Еден ден, Кралот без своите слуги и без неговата кочија облечен во скромни алишта замина на врв од планината каде што живееше стариот мудрец со бела брада.

  • Добар ден почитуван дедо, јас со една мака до тебе, ќе сакаш ли да ме примиш во твојот дом, му прозборе Кралот и направи наклон нанапред со телото.
  • Ах, секако, секако, во мојава трошна колиба никој со години не влегол, повели влези и пред било што да ме прашаш да ти одговарам. Треба да направиш три работи:

Треба под земја да ископаш длабока и широка визба.

 Треба да насадиш од ова свето семе,

…и трето, На тој што си направил грев, од него да побараш прочка и да му дадеш првин на него да се напие од тој нектар од ова свето растение и ќе си го решиш проблемот…му пружи во рака неколку семчиња и му промрморе,

  • Извини ме сега, јас сум стар и уморен, морам на починок.

Кралот се стресе од зачуденост и страв, како ли старецот знае што ќе  го прашам и згора на тоа не му се допаѓаше што брзо брзо беше набркан од мудриот човек ама се воздржа од коментирање. Му се заблагодари, повторно му се поклони и нога пред нога тргна да се враќа кон кралската палата.

Помина година дена, Кралот изгради голема визба покрај палатата, и поминаа уште неколку години додека семето пророди ама човекот на кој многу му згрешил не успеа да го најде. Едноставно не знаеше кој ли е тоа. Дури и гласници по кралството врвеа и со труби трубеа дека богато ќе се награди човекот на кој кралот многу му згрешил. Доаѓаа многу и се пријавуваа, земаа златници за одштета но главниот се уште го немаше.

Кралот повторна собра храброст да појде кај  мудриот старец и да го моли за помош како да го најде неправедно навредениот.

     Ќе ги најдеш најтажните вљубени  и ќе ги прашаш што е љубов. На тие што ќе имаат најточен одговор на нив ќе им го отстапиш престолот.

Кралот првин тргна да ги бара најтажните вљубени. Многу животни стории се наслуша. И се одлучи за една. Така седејќи на масата со семејството им раскажа за кого се одлучил. Ќерка му занеме. Како да и се слоши. Ја миеа со ладна вода, ја викаа, ја молеа да пушти глас ама залудно. Таа кутрата занеме. Додека ја тормозеа да прозборе од раката и испадна слика од нејзиниот сакан.

  • Лелее, кај ќерка ми слика од машко, ќерко кое е оваа момче, ја праша Кралот.

Но залудно ќерката од страв занеме, се стаписа.

Кралот издаде наредба да се пронајде момчето од сликата. Го бараа кај офицерите, го немаше. Го бараа кај лекарите го немаше. Го бараа насекаде и најпосле го најдоа. Се запознале додека таа влегувала во кралската дворана за бал а тој стражарел на влезот.

  • Обичен стражар ќерко, слуга, потрчко ли избра ќерко ааа…и викаше Кралот, Тоа ли го заслужив?

Кралицата ничкум на колена го молеше Кралот да биде умен и да не се противи на нејзиниот избор.

Добро, тешко се сложи Кралот.  Што е љубов? Кралот го праша стражарот.

Почитуван Кралу, Љубов незнам што е. Јас само знам дека ја сакам Вашата ќерка, но исто така знаев дека ќе и бидете лути на Вашата ќерка што не се вљубила во некој со титула и затоа Кралу јас на никого ништо не реков. Си молчев Кралу како риба.

  • Татко, не мачи го момчето. Јас се заљубив прва во него. Јас прва го бакнав, проговоре ќерката одкако се напи од гроздовиот нектар.

Тоа е момчето што скокна во реката да ме спасува додека скокавме по крстот. Сите пливаа накај крстот иако ме гледаа дека ми се слошува и дека се давам. Кралу тој беше најблиску до крстот ама се сврте го батали крстот и почна спротивно да плива накај мене и ме спаси. Кралу му го должам животот. Поради обичен грч во нозете ќе се удавев.

  • Аааа, а зошто јас незнам за оваа ќерко, се вчудоневиде Кралот.  Да молчиш две години ова мора да е љубов, гласно констатира Кралот, ааах силно се протегна со рацете високо, со насмевка на лицето провикна,
  • Музикантии, бргу ваму. Па јас сум се исполнил како што ме учеше мудриот старец. Само уште кралски круни да нарачам.

Сите беа запрепастени. На никого не му личеше дека Кралот се шегува. Ама ваква одлука дека ќе го отстапи кралскиот престол на стражар никој не очекуваше.

На четиринаесетти ечеа труби, пехарите беа преполни со вино, се пиеше, се јадеше, песни љубовни се пееа и многу млади се гушкаа и закажуваа нови свадби. Љубовта конечно победи.

Со чаша вино поубаво се бакнува тврдат тие што искусиле.

Годините потоа покажаа дека Кралот имал добро срце и направил добро што го послушал стариот мудрец. Стражарот по година дена се откажа од кралската работа и со својата сакана си замина да живеат крај реката и одгледуваат прекрасни лозови насади.

       Ова е уште еден доказ дека љубовта го прави она што никој неможе, со волшебна сила ги руши сите бариери, го спојува неспоивото и обединува две души чии срца чукаат само во еден ритам.  Ритамот на љубовта.

2 thoughts on “Кралот Ловин

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.