Кој се плаши од вирус лош,
Вирус лош. Три за грош.
Ај неколку реда и од мене за новонастанатата ситуација со новиот вирус. Читаме и се информираме од разни медиуми кои веројатно се трудат да не известат правилно како што е објективно и вистинито. Меѓутоа дали е баш тоа така од секој медиум не ми е за верување.
Нарочно “Радио Милева” вели, ќе има толку заразени, па ќе нема леб, ќе испоцрцаме за јадење, ќе нема средства за хигиена, ќе не изедат вошки и муабети триста и дваесет.
Затоа имаме редици и редици пред маркетите и купуваме по три пакети зејтин а некој неможе да земе ни литро. Колку сме ситни во душа. Ние највеќе ќе се уништиме со таа црна психологија. Демагогија на смак на светот, демек и Баба Ванѓа предвидувала овакво нешто.
А луѓе има лековерни, болни и психички нестабилни па ајде сега ќе им втераме страв во коски.
Од друга страна пак имаме еден известен број на население кое се подсмева на вирусот као демек “Мене ли баш ќе ме снајде” и шарлатански се однесуваат кон ограничувањата за движење, кон обврските за маски и слично. Таквите се најопасни, силни во нозете, слаби во мозокот.
Да резимирам со мое мислење. Секој треба да има одредена залиха на храна со цел да не оди во маркет толку често и да не стапува во контакт со многу луѓе. И ако некој донел заповед да нема собирање и групирање на едно место, тоа треба и да се почитува, инаку ќе си ги разменуваме вирусите, еве ти тебе еден обичен вирус дај ми ти на мене од твојот корона.
И луѓе треба да продолжиме со работа и со живот. Сметките нема да дојде никој од страна да ни ги плати. Треба да се навикнеме на новото зло. Тоа ќе се искорени ама од време на време низ годините што доаѓаат пак ќе ни се појавува.
Бидете ми живи и здрави и чувајте се. И продолжите со работа и со живот. Бакнувајте си ги женичките свои, за тоа сеуште нема забрана, а туѓите, еее туѓите малку стопирајте. Поз…драаав.