B U R E K reblogirano, Сина канта за отпадоци.

via B U R E K

U Pošti je kao i uvek bila gužva, toplo i zagušljivo.
Odlučila je da čeka. Red je sporo odmicao. Od toliko šaltera, radila su dva.
Biće duplo brže nego kad radi jedan, tešila se.

Dok je tražila telefon da malo surfuje po netu i prekrati vreme, osetila je da je neko vuče za jaknu. Okrenula se, ali nije videla nikog. Svi su čekali nezainteresovano.
Možda je šala, pomislila je.
Red, kao i da se nije micao. Počela je da surfuje. Ponovi se opet.
Tek tada je spazila to musavo ciganče. Nikad u životu nije videla lepše. Minijaturno, krupnih očiju i prelepog osmeha. Kao lutka.
“Daj mi da kupim burek.”
“Evo, ali kupi burek. Ne daj nikom novac.”
Obuzela je tuga. Ovo dete je bilo nekako drugačije.
Bistrog, pametnog pogleda. Možda bi u normalnim uslovima postalo neko. Da li će kupiti burek, ili će morati da preda novac?
Skoro da je stigla na red, kad se ponovi isto. Opet je neko vukao za jaknu.
Šta je sad?

Osmeh, kao da je obasjalo sunce, i ispružena mala ruka koja pokazuje tek kupljen burek.
U tom trenutku je želela da ga uzme, odnese kući, okupa, presvuče, nahrani, zadrži…
Život je tako nepravedan i komplikovan…

 

BUREK

Comme d’habitude, il y avait foule à la poste et il faisait chaud.
Elle décida d’attendre. La queue diminuait doucement. Sur l’ensemble des guichets, seuls deux étaient ouverts.
Elle se consolait en se disant que cela ira plus vite avec deux guichets ouverts au lieu d’un.

En s’armant de patience, elle chercha son téléphone pour surfer un peu sur le net. Elle sentit qu’on la tirait pas la veste. Elle se retourna et ne vit personne. Tout le monde attendait dans l’indifférence générale.
Une blague pensa-t-elle.
La queue ne bougeait pas. Elle commença à surfer sur son portable. On lui tira à nouveau la veste.
À ce moment-là, elle vit cet enfant tsigane, au visage tout sale. Elle n’en avait pas vu de plus beau. Petit, aux grands yeux avec un très beau sourire. Un vrai poupon.
« Donne-moi de quoi acheter un burek ! »
« Tiens, mais achète bien un burek et ne donne à personne l’argent. »
La tristesse l’enveloppa. Cet enfant avait l’air d’être différent.
Il avait le regard intelligent et limpide. Peut-être qu’il serait devenu quelqu’un dans d’autres circonstances. Achètera-t-il le burek ou devra-t-il donner l’argent ?
Son tour arrivait enfin, quand on tira à nouveau sa veste.
Quoi encore ?
Un sourire, comme si le soleil rayonnait et une petite main qui tendait un burek fraichement acheté.
A cet instant, elle voulut le prendre, le ramener à la maison, le baigner, le changer, le nourrir et le garder…
La vie est si injuste et compliquée…

Сина канта за отпадоци.

Некаде покрај влезната врата од сендвичарата стоеше сина канта. Знаете онаква пластична со поклопец кој на средината има осовинка и е на клацкање. Со едната рака туркате надолу а другата се подига, ја кревате раката и кантата останува поклопена.

Еден сосема обичен ден, гужва и така и така, не многу. Сите лапаме кој што си нарачал и во еден момент втрчува или подобро речено влетува едно дете и со вешт покрет како онаа убавата и згодна од лотарија што ги извлекува наместените грепки,  ја пика раката во канта и вади едно гооооолемо парче сендвич со плескавица. Некој доволно најаден го фрлил она мало парче лебче и убаво се виде имаше и малку плескавица. А колку да беше тоа, па нека е било две три гризнувања.

Најсилниот дел од оваа приказна е возбудата на детето. Тоа беше како да го беше добило највредниот подарок на светот. Одеднаш му се озари лицато, му блесна насмевка, му се провидеа забите со слабо посветена грижа за нив, и вадејќи ја раката направи едно такво свртување како оние од уметничко лизгање на лед. Со поглед гледа кон касиерката, бега и со раката удира во едно столче, во другата цврсто го држи пленот и излетува надвор.

А надвор, надвор е уште појакиот дел од ова мое раскажување. Надвор, едно помало дете, и уште едно уште помало дете, кога видеа дека уловот е успешен скокнаа како што многумина скокаат гледјќи фудбал и знаете она, Гооол!!! …и со таква брзина побегнаа како да сториле некаков  криминал и ги брка незнам кој.

Верувам на многумина од присатните на настанот им беше слично како на мене. Запрепастени е многу слаб збор ама  во моментот немам посоодветен. Три деца се израдуваа на огризок од сендвич.

Ќе се сложите, Калимеро и нема правда нели. Еден цел блог за случување кое траеше помалку од пет секунди.

 

Blog koji toplo preporucujem svima, https://snowwhitesflakesblog.com/

 

Птиците најубаво пеат на слобода.

 

Колкаво совршенство на природата е една птица. Испитувана и копирана да се направи железна, …и таа железната е со многу маани и ни од далеку толку прекрасна како вистинската.

Колку убав е појот на славејот, убав е и на некоја друга птица, …на секоја, …па и на гавранот.  Тоа цврцврцвр ај да го репродуцираме програмски и да го пренесеме со ноти, …тешко е, ќе се сложите. Можеби не ни се допаѓа тоа граграгра ама на женката гавран од нејзиниот сакан гавран и се допаѓа. Кој ни е крив што немаме доволно разбирање?

И најдобриот уметник на светот мачи маки веродостојно да го наслика прелевањето на боите на перјата од птиците. И овие современи кутивчиња со многу пиксели и они ја утнат работата, поубава е птицата отколку нејзината слика.

Совршенство е, да си толку мало, да си толку слатко, да имаш толку мала потреба од храна а толку многу мафтања да прави за да се одржи на височина, …да знае кај да полета, да знае кај да слета.

Летај птицо, биди слободна, побарај го најтоплото место на југ, иди сакана птицо моја.

 

Колку вреди ?

 

Колку вреди еден денар? Еден денар вреди многу. Тој Ве штити од срам. Ако имате 22 денари а еден леб чини 23 за еден денар ќе мора да лажете дека немате ситно или нешто слично сум го заборавил паричникот. Некои Денарот го нарекуваат Еден Вујко, а јас имам некое мое по малку забегано култно размислување и го нарекувам Еден Килиманџаро.

Колку вредат 10 ( десет) денари. Толку Ви се потребни за едно кафе од кафемат а едно такво кафе може да Ве расони и Вие безбедно да си го довезете автомобилот до дома.

100 ( сто денари ) се сума на пари за кои појма немаме каде отишле и каде завршиле. Обично за глупости.

1000 ( илјада денари) е брашно за цел месец за четворочлено семејство или една пица со пријателка ама без аперитив и  после пица винце.

10 000 се за жал за многу целомесечно ринтање.

100 000 се последна некоја сума за која може да се надевате дека таков кредит би вратиле во банка. Се што е преку тоа отиде хипотека.

1 000 000 милионче, пих што се тоа, на швалерката сте и купиле автиченце мало малецно, таа ќе го слупа и како никојпат и да не биле, ( патем швалерка, шваљерка на македонски се вика милосница учете и говорете македонски)

10 000 000 е ова е некоја сума со која може да се надевате да подмитите политичар…а што Ви вреди тоа?

100 000 000 е вакви пари ниту се заработени тука ниту пак ќе лежат во наши банки.

Јас до толку, којзнае понатаму нека смета.

А колку вреди еден бакнеж?

Еден бакнеж враќа во живот, отвара очи кога сте болен, дава смисол на животот, подига од депресија, одлага планирано самоубиство, …море ај не се бесам, ме бакна.

Да ставиме географска карта метар на метар пред себе и со рака како што цртаат децата дланка со прсти и со прстен и часовник е такво место да си исцртаме на картата и тоа место да ни го поклонат за ич пари тоа нема да не направи среќни.

Среќата е во взаемна љубов. Во бакнежот е скриена целата среќа на овој свет.

50

…кома педесет дени, да ги спасиме од заборав.

СМС, ес ем ес.

 

Седум години се забавувам со Боле и навистина сум среќна, …срце ми е Боле, многу ме сака, многу ме почитува, ко швајцарски саат е, никогаш не доцни на рандеву. Зошто да се пати, да ме чека на раскрсница а ќе доцнам 20 минути ќе му напишам една порака.

Боле срце мое, ќе доцнам 20 минути.

Уауу, …Седум години се забавувам со Наде и ова ми се нема случено. Толку многу ја сакам а таа приметувам дека ми се лади. Дали се ова некои нови моменти во нашата врска. Паф, паф, паф, ќе доцнам 20 минути…и другпат е доцнела па сум ја чекал, што ли и значи оваа порака. Можеби сака нешто индиректно да ми каже, Боле бркај си работа…како баш сега кога изгубив работа ми соопштува вакво нешто…додека Боле идеше на работа добар беше, сега не чини. Ќе и вратам порака.

Наде, доцни душо ако сакаш и до сабајле, сеедно ми е.

Лелеее, абе што е ова работа, …аман за аман, мајко мила што се случува, …Боле се помрднал со умот. Види види мојот Боле што ми вели сеедно му било…Сега ова намерно ме растажува затоа што положив возачки испит па му е страв, ќе му падне машкоста ако јас возам.

Более, ако ти е сеедно причекај ме додека да дојдам, а ако сакаш и немора воопшто да ме чекаш.

Значи точно ее. Решила да ја разнебитува работата. Веќе нема сомнежи, …и немора воопшто да ме чекашкратко и јасно. Седум години ја носев во срце, зарем заслужив вакво нешто, ја чував како капка вода на дланка. Добро, ќе преживее Боле, …и не мора да бидам среќен, нека биде среќна со друг.

Наде, гледам сакаш крај. Еве го. Крај Наде.

Што ли видов сиве овие силни години во него? Јас сум мислела тој за мене се би сторил а тој неможел да ме причека 20 минути. Ако треба цел живот ќе си го проплачам ама не се понижувам повеќе.

Размеморирај го мојот број Бошко, …и заборави ме.

Надежда, веќе почнав да ги бришам сите слики на фејзбук кај што сме биле заедно.

Бивши мој, врати ми ги подароците, …сите до еден.

Прежалена моја, јави се на твоите родители дека сме раскинале.

И уште неколку ес ем еса, тие не се примерни за на блог ама знаете.

.

.

.

Повеќегодишните љубовни врски завршуваат со крах затоа што се претпоставува што мисли другиот, …или во превод заради глупост. Тука не се работи заради одсуство на љубовта, …тука е заради одсуство на комуникација, дијалог. Погрешни претпоставки, избрзани зборови, па навреди во лутина, …и на крај инает. Јас кај што плукам не лижам е последната парола на двајца долгогодишно вљубени.

Ве поздравувам.

 

…….

Си беше еднаш едно камче. Мало малецно. Топчесто и тркалезно. Семејството му беше песокливо. За жал не беше кристално, ниту пак кварцно. Обично. Најобично.

Се створи однезнамкаде, го донесе незнамкој, живееше донезнамкога.

И што е значајно за тоа каменче?

Ништо.

Кутрото на сите им велеше, Ејј ке се фрлам во бетон.

Никој сериозно не го сфаќаше.

Сепак не се фрли, само земја го покри.

Во бело.

 

Целата се во бело. Бела свилена  кошулка со буби крагнички и од крагната до доле карнери и штофирани копчиња, …фустанче до над колена, …и тоа бело, а наборано на фалти чиниш завеса е од мајка ми, …ама таква беше модата, …токму таква. Кондурчиња бели слатки, заоблени напред, модел како опинчиња, ниска потпетица, со ременче преку рисот ама лакирани, светкаат од убавина. Во нив хулахопки, еее не беа свилени, не нее, обични беа, ама нови неизупкани.

Ете тоа беше девојчето во бело кое дури и панделка на сплетената коса и беше бела.

Освен облеката, целата таа беше нежно бела, …не тенот не и беше бел, напротив исончан…нежно бела и беше душата. Мирна, фина, позитивна. Насмејана.

Во бело, беше многу педантна. Најбело од се на неа беа забите. Светкаа. Верувам благодарение на нејзините бели заби и бродовите се разминуваа во ноќите без месечина.

Јас ги обожавав тие бели заби, тој беспрекорен здив, таа насмевка.

 Но се плашев од нејзиниот поглед. Незнаев што значи. Понекогаш мислев дека значи Запри Мишко, а понекогаш Ѓихај Мишко.

А Мишко би трчал и по угорнина. Би ја носел на грб, како што еднаш за викенд ја носев преку река. Многу убаво било да си Мишко, …ај да не си ги покваси чорапчињата, …ех една рекичка до појас што е тоа. Ништо. Колку убаво беа сплеткани нејзините раце околу мојата глава. Уф, да се чудиш.

На другата страна од реката, јас и кажував некои глупи вицеви, излижани од времето на кои таа не обрнуваше вниание. Не се смееше. Само ме гледаше во очи. После долго време, неколкупати ми се насмеа ама не верувам дека тоа беше смеење на вицот. Мене ми се насмеја.

За назад не сакаше да ги користи моите такси услуги. Го наводени фустанчето и се, се, се, што беше под него.

Потоа мижев додека да се преслече. Чесен збор ни за секунда не отворив око.

Попат додека го возев украденото од дома милечинквеченто многу малку комунициравме. Јас се грижев да не си ги прелади јајниците. Таа се грижеше, зошто воопшто тргна со мене. И така двајцата загрижени стигнавме.

Бргу набргу педантната се катапултираше во еден прекуокеански брак.

Зарем не е најисправно женските  да стануваат возрасни со 17 години а машките со 24. Замислете во исто одделение машко повозрасно од женско ааа добра варијанта зарем не…а јас кутриот една година порано тргнал на ушилиште, а таа навреме…и ајде снајди се, …абе можеше и да ме помоча само ако сакаше.

И фати света натаму преку вода и остана 1:0 за неа.

A многу пријатен здив имаше.                                 

Вобело дали некој друг Те носеше на ќукш? Дали се сеќаваш која песна одеше на радиото додека се враќавме накај дома. Си заборавила, Имам страшног дечка када спава мирно спава ништа не тражи.

Нека си среќна Вобело, ова е само блог.  Впивај ги сите мигови и живеј го животот како што треба.

 

ПОЛОВНО И МНОГУ ПОВОЛНО.

 

Ееееј мила види види ова, хехее, мила ова мора да да го прочиташ, о Боже секакви не има, дојди мила, дојди веднаш, ма доојди душо само минутче да прочиташ еден оглас. Види каков заебант е овој а оставил и број од мобилен.

Читај љубов моја, рацете ми се заплеткани во тесто, еве се претворив во уво, што е тоа толку интересно да си толку воодушевен?

Слушај го ова, Продавам Сон, Мексико За Двајца. Сонот е како нов, неупотребен. На моменти е само пробуван.  Да, целосно е исправен и бидејки не ми го треба повеке евтино го продавам.

Ах душо тоа некој продава карти, преодложен лет, можеби евтино ќе ни ги продаде, ааа, можеби е на зорт.

Не љубов моја ова е некој неранимајко, заправо фантазер без азимут, овој има бесплатни минути на таа мрежа и брка осамени женски да му се јавуваат, пуф ама финтаџија, да му се плукнам на ваков сериозен весник да печати вакви провидни огласи.

Де сакан мој, немој толку жустро на прва, мојата женска интуиција вели ова е само некој тешко и непоправливо ранет. Ако не ми веруваш ајде ќе му свртиме.

Јас несакам ни попат да го сретнам а ти ако сакаш еве забавувај се со некој тупаџија.

Добар Ден господине се јавувам по повод огласот, за кој датум е летот и колку чини.

Извинете, ама јас не сум туристичка агенција и не продавам карти, грешка сте. Пријатно, Ви посакувам убав ден.

Почекајте, можеби Вие го продавате мојот сон, можеби сонот што го продавате треба токму јас да го купам.

Ах тоа морам да го проверам лично, знаете сонот е како некое домашно милениче, не се дава на било кој.

Се слагам, проверете, спремна сум.

Дали сте многу вљубена?

Ох даа сум.

Колку многу?

Многу многу, повеке од тоа здравјебоже и неможе.

Сепак некој ориентир, сто кила, сто километри, сто бакнежи.

…ааа не не, љубовта е немерлива величина, лимесот тежи кон бесконечност.

Ми се допаѓа Твојот одговор, него дај одговори ми на второво прашање, Кој посилно и поискрено сака мажите жените или жените мажите.

Видете, јас за цело време како сум заљубена ниеднаш не се сетив да размислувам за такво нешто…а зарем е тоа важно. Мене ми е битно јас да сакам искрено и силно и не очекувам ништо за возврат.

Мммм прекрасен одговор…и уште третото прашање, дали љубовта оксидира и е склона на корозија.

Да секако дека се расипува, но има заштита, топли погледи, нежни допири и чести бакнувања.

Е сега навистина ми е жал за Вас. Вие точно одговоривте на сите прашања ама јас се предомислив. Сонот многу ми значи. На розевата кутија пишува дека е со неограничен рок. Бидете храбри, не користете шаблони и направете си сами свој Сон.

БипБип врската се прекинува.

Дефинитивно кутијата останува моја. За сите времиња. Цепелинот е уредно спакуван, наланите се тука, и ореовиот прстен, и бамбусовата нараквица и сламениот шешир…нека, никогаш не се знае.

П.С. Убавице, среќен Ти јубилеен …

 

 

 

 

Kratko putovanje u neizbežno

…uff koliko mi je imaginacija amputirana, …kako li skacu tufne sa crvene haljine…mora da je to nekako prelepo.

Čitaš nam poeziju

iz starih novina.

Planiramo grupni

trip to the forest.

Žulja me kamenčić u sandali.

Sunce je visoko postavljeno.

Tea & cookies na stolu.

Atmosfera iz “sapunjare”

Dedić Vesne.

Koju obožavam, by the way.

Zbog bakra u kosi.

Tvoj pogled hvatam

i na trepavice stavljam.

Miris šumskih jagoda

i hladnog nesa sa mlekom,

budibogsnjim.

Tvoj glas oštar

u mojoj kosi je.

Skaču tufne sa moje

crvene haljine

od svile i pliša.

Sašivena je da zavede.

Plava šolja u ruci. A

knjigu u glavi već pišem –

roman čitav:

o tvojoj “lelulavoj nežnosti

nezapamćene snage,

od koje ne mogu da dišem”.

Tvoj glas oštar

u mojoj kosi je,

dok nam čitaš

poeziju iz starih novina.

Tvoj pogled hvatam

na trepavice stavljam.

Mala melodramatičnost trena.

Mislim…

Možda bih te i pozvala

na taj ples varkin,

što bi rekao Filip Larkin

u Mirinoj pesmi.

Ma, odustajem.

Tvoj glas je oštar i…

View original post 23 more words

РАНЕТАТА СРНА И НЕЈЗИНИОТ ВИТЕЗ.

 

Таа беше како ранета срна.

Ранета од незнам кој, ранета од незнам што. Самата рана беше уште незацелена. Остатокот од стрелата се уште беше во нејзиното тело. Лузна од некој стрелец. Проклети стрелци.

Можеби животот ја застрелал, можеби некој нехајно, …несакајки, …незлонамерно, …од невнимание.

Сепак беше ранета.

И споро се движеше низ шумата. Околу наоколу дрвја, …дебели буки, двајца едвај да ги опфатат. Сонцето тешко допираше до почвата. Крошните правеа дебели сенки. Само мов насекаде. И лисја одземени од стеблото и кутнати на земја.

Полека идеше кон едно изворче. Полека по угорнина. Сакаше душичката да си ја понуди со малку вода, да бар на трен ја згасне жедта. Се осврнуваше а знаеше дека и нема помош. Беше сосема свесна но сепак се осврнуваше. Одникаде утеха за нејзината младост. Одникаде жал за нејзиното кревко тело. Младо тело. Млада нежна кожа. Мека, кревка и мазна. И лузна на неа. 

Стаса некако до изворот. Ја замиваше раната. Крвта ја матеше водата во розова…

Однекаде дојава Нејзиниот Витез. Дојава како што му и доликува. На бел коњ. Целиот во лимен оклоп. Лимени набори на целото торзо. Лимени штитници на рацете, лимени штитници на нозете, црни чизми, па и преку нив лимен штит. Со меч, остар и јак, кој му висеше во корицата.  

Кога ја здогледа срната, ги виде сите бои на есента во нејзините очи. Светложолта, румено црвена, затемнето црвена, сребрено кафена. Ја гледаше, … и ја гледаше и и се восхитуваше. Ги бараше боите на пролетта ама не најде ниту една. Едноставно такви бои немаше во нејзините очи.

Се симна од коњот, се сведна со едната нога во рицарска положба и го извади мечот од корицата. Го нагреја мечот колку што можеше подобро и се обиде да го извади остатокот од стрелата.

Обидот беше неуспешен. Розевата вода стана поцрвена. Само уште бол. Нова болка. Поголема и пострашна.

  • Ејј, внимавај срничке.
  • Пссст, немој ни случајно да си се обидел да ме вразумуваш, баш ми е гајле што ќе биде со мене.

 …и продолжи да се движи нога пред нога по самиот раб од плочникот, полека, …со раце широко раширени и дланки свртени кон горе, … и  глава силно зафрлена наназад  кон небото, …зурејки се во облаците ги ловеше капките дожд на нејзиното лице.

Уште една целосно непроспиена ноќ.

Само бол за нејзините млади години. Со што ли заслужено? Со ништо не предизвикано. Едноставно и се свиткал товарот на врат, како некој смок силно ја стегнал  да ја ничкоса. Со каков ли повој беше повивана кутрата?

Живот…мака…пожар, …се пеплосано.